Специјален поздрав до моите сограѓанки, лични моми Охриѓанки на форумов... ајде заблажете се со онаа нашата, надалеку позната охридска торта Ми фали градот, езерото, чаршијата... ама наскоро ќе ви дојдам да ве дружам некој месец летово, пред да фатам патот за туѓина... и знам дека таму мојот Охрид ќе ми фали најмногу... (извинете... почнува носталгија да ме пука, уште неотидена )
СП и брз поздрав до Либера - ВагаХ Шелеа - ми ги разведрува деновите со тие нејзини заљубени постови Циа Хипица Поздрав девојки, имајте прекрасен остаток од денот и уште поубава вечер
Поздрав до Шилеа, Лилит и Теодора - едноПодруго си изнапрочитав убави работи, баш ме насмеавте и израдувавте со вашите исполнети соништа! Причина плус за да сонувате уште и истите да ги исполнувате, бидејќи се можело
Анат, не ја љубам охридскана торта баш, ногу јака ми е, ама во Мис уба ја прает не е толку лоша. Поздрав голем до тебе, Охрид е попразен за уште една убава личност. Све си замина... среќа Теодора уште е тука, бар засега. Поздрав и до неа за пригодава, ај и до комши Мерлинка шо ми рече да не и’ прам муабет, ама јас за инает уште ќе си и’ зборвам. На’ ви јаготки, охридски. Уш малце ќе излезат вистинските кај мене в дворче, бујрумте.
Поздрав и до тебе, Каша моја мила и најубава. И до сите вас Феминки, не сум ве заборавила, ве читам некогаш Деновите ми се фул, матура (да не се испокарав со сите од модни критики можеби и ќе ставев слика ) , излегувања, настани, пари од бабите, оваа година сум одлична во школо; и некако целата меланхолија во текот на есента и зимата ми се исплати само за да го имам ова денес; мај е бре, мај. Тмурен мај, ама некако најубав до сега... пошо... кхм... се заљубив во едно момче! Се преливаме совршено во нашите светови, и во нашите постели и не сум знаела дека љубовта може да биде толку лесна и едноставна, и дека таа значи да се смееш и радуваш на се. Младост Ајде поздрав со една наша песна http://www.youtube.com/watch?v=jCo5B0YseBc
СП до Rainbow. Види ма Виножитке која креативност лежи во мене па каква торта специјално сум направила за тебе. Ова дека не не дружеше синоќа
СП до Ели25 за...... Спојлер Колку прекрано нешто....прсти да си изедам- не да си излижам. Фала ви жени за темите со рецепти, можеби и јас ќе станам профи еден ден
Sephora! Мислев дека само јас сум од Македонија опседната по Тhe Hills! Aма ноооооу Лорен ми беше значи нај прекрасна и мене.. Magnolija! Нека те освежи и освои овој пролетен љубовен дожд девојко
СП до сите оние кои со душа ја чекаат утрешната евровизиска вечер, и кои се оптимисти дека нашата Калиопи ќе има инзвореден пласман....
Сп до Карак. Ти честитам за свадбата и ти посакувам среќен брак со многу љубов и дечиња. Утре е твој ден. Биди весела, насмеана, разиграна и имај најубав провод.