RainBow Теодора, маестрално кажано во поздравот до нас што си имаме либенце од друг град Лудо оти слушам си ме пофалила мор Трендафилка, уживам во разговорот со тебе, исто како да си до мене, да си боцкаме овошје и да си муабетиме, заедно со Лудото наше Џули филмџиката наша, која секогаш си остана своја!
Поздрав и до тебе, не поминавме толку лошо Поздрав и до: Adi i Divinebutterfly-кафево историско ни стана Yipman-за позитивноста која постојано ја шири на форумоф Crazyinlove- и твоето кафе го чекам
Дааааа, ама сигурно знаеш која борба е! Леле, вчера, како ми се јадеше вечерта.. добра сум, вежбав наместо јадење
Еден специјален поздрав до сите на форумот, за убав почеток на денешниов ден: http://www.youtube.com/watch?v=4P1x7Yy9CXI Песнава е направена само за уживање. И искажување љубов кон некого, нормално.
СП до моето маженце што ме изненади вчера со ручек од батаци и компир, таратур и салата од патлиџан, како и сладолед , и нареден пат повеќе лук во таратурот. Требаше да го сликам неговото ремек дело, ама толку бев уморна што се најадов и си подлегнавме. Денес па јас што ли да му направам
Специјален поздрав до вечните диеталки на форумот, кои највеќе сакаат да си играат ролеркоустер на вагата за мерење. Се качуваш и оп - момент. Мајка ти стои пред врата како полицаецот Добромир и со некоја победносна насмевка ти вика - 5 си качила, така? 5 се? Ти рекоооооов дека се 5. Не бе мамо, не се 5. 4 кг и 750 грама само. А во себе си правиш Потоа смислуваат нов режим, нова диета, се отстрануваат алиштата од орбитрекот, додека верниот тато ја упатува следнава реченица: Пак ли? По кој пат е сега? Епа доста беше буричкање во фрижидерот во 02 по полноќ. Неколку недели следи период на бладање по храна, нешто како теле пред шарена врата. Или риба на суво. Во меѓувреме, на слави, родендени, крштевки, свадби и недај боже умирачки, ти се иде да и да се разлапаш ко ненормален... ама среќа, во генот на македончето функционира магарешкиот инат, одиш до вц , се враќаш и им викаш - уште една кисела вода за мене. И така, ден по ден, тешки се нашите маки, кој знае - лајкче. Ви намигнувам диеталки
anabel-a, BeYourself, blond, Breezy, CIA, Doozy, Hayley, Marcey, Smilly, starbucks, Strumfeta93, teddybear, Trendafilka и сите што ми пуштија среќа и ме поддржаа за денешново полагање, да ви кажам дека супер поминав и сега чекам резултати. Исто ги поздравувам сите од темата за полагањето матура и уписи на факултет, не се секирајте да ги почекаме резултатите и да се запишеме сите каде што сакаме! И Дузи, си знае таа зошто
поздрав до- ocila-за врвот на расположението I.love.your.lips:-фала за честитките,и биди ми добро расположена ilipili---перла-не сме се читкале одамно. julie77-убави смајли ми погоди Pelikuna-одамно те немам сретнато,супер си.. green.eyes-срцката моја помошничка-и лове јоу горде-те немам поздравено одамно и вечер имаш поздрав со убавиот глас
До сите што ги фаќа сафра уште од сега навечер за спиење. Мене ми треба прво 10 минути за да ја одберам положбата во која ќе спијам, па после дур сум ја открила сум го стоплила јорганот на некои места и барам ладни места по јорганот и чаршафот! И дошло сабајле, а ја сеуште по потрага! Сва среќа што не ми ја фаќа собата сонце, иначе наебах го!