Фала ти Лолипоп. На зборовите, знам се искрени. Не е едноставно воопшто, не ми е лесно, се држам ... ама тоа е. Еве ти една голема и искрена од мене ... Ах, поздрав и до сестричката твоја
Сега ќе удрам и јас еден огромен поздрав, се мучам еден саат и мозгам да не заборавам некој драг, а сигурно пак заборавив, тие се годините па кој и да е во заборавените се извинувам, не е со лоша намера. Спојлер Divinebutterfly, затоа што е една прекрасна девојка, девојка со многу добра душа, девојка која знае што сака од животот, која навистина премногу вложи во љубовта надевајќи се дека ќе и се врати. Мила, пушти ги конците, многу пати ти реков, ама еднаш пушти ги целосно па што биде нека биде. ако требало да биде ќе биде, доволно ти беше преоптеретување, мозгање, мислење, нервирање. Се ќе биде добро. Трендафилка,никогаш не мислев дека ќе најдам таква пријателка на форум. Фала ти ама баш за се. Луничка, затоа што е една жена која премногу вреди, да го знаеш тоа. Мистериозната, затоа што вреди многу повеќе од еден... иван. И сите во слична ситуација како неа, Тенкаи, Нимерија и останатите девојки со љубовни маки. Смајли, зошто тоа девојче не ми текнува некогаш нерасположено да сум го читнала. Кате21, затоа што недостига и само ѕирка а малку пишува. Дузи, затоа што е прекрасно суштество, вечен оптимист, и така и да си останеш. Лудото и Анушканестле, затоа што се максимално откачени девојки и тотално заљубени. АнаКаренина, затоа што една на друга можеме да си довршуваме реченици и да се разбираме потполно. Ливингглам и Сесилија, затоа што се две меки човеченца. И затоа што некогаш имав грешно мислење за сесилија. Синдарела5, си знае таа зошто. Инес.Х затоа што е тотално откачена, луда, забавна, искрена, и прекрасна личност која би ја изгушкала. Марама, Росоњерка, Нејтири, затоа што се огромни срца кои секогаш знаат да направат убав муабет. Анат и Ариел, затоа што се прекрасни мајки и личности. Битерсвиит, недостигаш на форумов да знаеш, и тоа ептен, биди малкуу поактивна. Лепа, затоа што е прекраснотија. плус зашто испити се ближат а ко што гледам абер немаме двете над книга да седнеме. Анабел-а, затоа што искрено, идол си ми. Магнолија, затоа што пишуваше постови кои вредат, а сега нешто ја снема. Тинкербел, затоа што во еден куп мислења и се пронаоѓам. Волфче, затоа што одамна не сме си направиле асолен долг муабет. Виножитка, и помалку да се нервираш, се ќе биде како што треба. Старбакс, зошто ептен е мила и затоа што знае искрено да љуби. Кикето, беше една од првите со кои имав контакт, па ја снема, па сега гледам пак не читка. Либера и зелени.очи, за секој пост во што би му кажале. Ноелпејџ и тајгерлејди затоа што имаат прекрасни мислења и постови во кои уживам. Кенди, да не посетува повеќе на форумов. Лилит, која се надевам убаво си поминува на одмор. Џули77, нека ти помине побрзо грдиот период. Хикица и Јуле затоа што си плачевме таму на едно филмче. Скартишуе, најмила е, ајде брзо ќе се изнагушкаме пак. Тедигреј, зошто недостига во смрденово населбиче наше да се шетаме и да оговараме мужи. Л-енна и Џинџечајд, затоа што памтам дека убави муабети имам истерано со нив. Лукс и Вајлд чајлд, секоја чест на упорноста. Мис идепендент која летово тотално не заборави. Спичлес, со која се запознавме мислејќи дека сме имењачки. Дејзи и жапче затоа што се себични и само читаат а не пишуваат ништо. Озбилнажена, Горде и Марли, и Кети, сакам и јас во Италија!!! Крејзи ин лав, ќе најдеш пак љубов ич да не му ја мислиш. ете редактирам и до штрумфетка ја заборавив и лолипоп, мило ми е што се вративте со анфејтфул. И сите со кои некогаш сум имала убав, или не толку убав контакт. И поздрав плус до сите што уживаат во ова време, до сите што сакаат да си седнат на тераса и да слушаат како паѓа дождот. Јас го сакам дури и кога се шлапкам низ вирчиња Ајде држете сите по една гушка, како мече бесплатно ги делам на мили личности Пс. Не одговарам за скршени коски
Денес ќе упатам најспецијален поздрав до девојките чии постови денес и тоа како допреа до мене. DivineButterfly&teddybear-се' повеќе и повеќе ми наликувате една на друга Кога ве читам имам голема желба да ве изгушкам, ептен сте мили и срцлести и двете Ве поздравувам заради огромната љубов која ја имате и несебично ја давате, за силата и волјата со која правите се' за љубените. Сигурно ова ќе ви се исплати на крајот, порано или подоцна. Не се откажувајте, ќе си го добиете она што го сакате и заслужувате CIA&Cynthia-ве читам редовно По постовите гледам имате иста мака, за жал Бидете горди на себе, девојчиња, што во такви нехармонични средини сте израснале во паметни девојки кои уште од сега ги знаат вистинските вредности на животот. Таквите личности како вас се вистинските херои на денешницата. Останете паметни, мили и прибрани какви што сте EleMental го повикувам да се врати
Поздрав бек Ашлинг Поздрав + до Сесилија, и до сите оние на кои им е тапа форумов, но го читаат од навика и затоа што има личности кои навистина имаат што да кажат и од кои може да се научи нешто. Јас сум така само бледо присутна и во недостиг на инспирација шкрткам само во темиве за мода и козметика. Поздрав и до оние кои се чувствуваат како мене
Специјален поздрав до Мистериозната девојка со рането срце и силувани бели дробови од никотин. Батали ги цигарите, прекумереното пушење е за очајници. А ти не си таква, нели? Знаев и друга девојка родена на Ноќта на вештерките, за жал животот не раздели, ама ако си и ти како неа тогаш верувам дека ќе бидеш одлучна и ќе продолжиш напред без цигари и без тој фамозен Иван. Кој е Иван? Или Ајван како што го читав цело време- не на англиски, туку на турски јазик Да, постот од пред некој ден ме натера да напишам Иван во пребарај го форумот и на моја несреќа имаше 202 страни кои го содржат овој збор, добро повеќето беа од Македонскиот музички идол- Иван ми ја заеба работата Како и да е ги прочитав сите твои постови каде што го спомнуваш него- малку за да знам се`, но доволно за да видам дека повеќе од две години се многу за некој да не се предаде целосно на љубовта која ја чувствуваш ти. Можеби дека е роден на 23ти февруари. По некоја случајност знам личност родена и на оваа дата и верувај ми дека ако и Иван е како него, тогаш е еден голем мочко. Неодлучен, плашлив, плачлив и роден паничар и покаеник пред првите проблеми. Човек кој не може да биде тука во лошо, затоа што прв бега да се спаси од тоа лошо. Ако е таков Иван, немој да жалиш, туку радувај се што сето ова си го открила на време и ти си таа што си се повлекла. Се надевам дека тој е личноста со која си имала секс на звучник, додека трештело музика- барем за тоа да му дадам рака. Да го знаев Иван ќе го истепав, или ќе му пратев некој да го претепа, затоа што е таков кретен и толку време не може да се одлучи што сака. Да сум на твое место ќе го оставев да созрее малку, сепак е 20, а Риба на овие години не може да се носи со жена Шкорпија како тебе. Знам дека хороскопот е банална работа, ама некако во твојот случај ми има некоја смисла. И не знам што беше толку преубаво во тој пост на повторното спојување на двајцата- мислам дека Лепа си го имаше снимано и си го читаше секој ден, дали мислата дека била со него како што жена може да биде со маж, или тоа што повторно е заедно со него, макар и кратко, пак ќе кажам не знам, ама мене многу ме растрепери. Во негативна смисла. Осетив болка, за нас, луѓето. Што сме такви- за некои цврсти премногу, а за некои луѓе попустливи до смрт. Како и да е, овој пост не требаше да биде толку долг, ами требаше само да биде еден поздрав. Не обичен, ами специфичен, каков што е твојот стил на пишување, каква што е твојата љубов и како што е Иван. И би ги дала овие 1000 денари што сега ги имам во новчаникот за да можам да го видам тој Иван макар на кратко, да ги следам неговите движења, неговото однесување, па да знам со што толку го жигоса срцето на нашата Мистериозна. Имај убав неделен ден девојко. Верувам дека денот ќе биде убав после ваков дожд. Иако ми кажаа дека малку врнело во Неготино. И не заборавај, се` тече се` се менува. Ајде, замисли си желба и дувни
Специјален Неделен Поздрав До... Имајте пријатен ден CrarazyStupidLove Lux Gordana10 Alesii Sexybejbe Pamelce Juli77 Palestinec SnowQween Meu M.a.f.i Tea4e Glosy-grl
Сакам да им го возвратам поздравот на Славица, Џули и Тедимече - ви благодарам што сте помислиле на мене, макар и на секунда! Се надевам дека уживате во викендот кој полека изминува...
СП до сите Мадритисти на форумов особено до starbucks,BoaVista,BlackSwan5,Rozich,LilBaby и esperanca Спојлер & до сите Барселонисти особено до Marabella,Smily,Plavusa.17,Stoimenovska,SmilerGirl ,Sara123 ,Alesii и останатите. Спојлер Ајт,уште малку остана Спојлер
Сп до Elennaa Emche-Kremche lovely-girl Zaboravena- Ептен ми недостасуваш. Glossy-girl Majuv4ence - Се надевам дека ќе најдеш решение за твојот проблем. crtan-film - Во последно време не те гледам низ темиве. anamariia.x3 - Благодарам за Поздравот.
Село во буквална смисла, извинете за сепарето Се надевам си помина одлично на свадба И поздрав до Shelea. Зашто млада дамо синојка ти не не дружеше? Сакаш да се караме? На момент помислив дека не сум те видела, ама па ако беше присутна сигурно ќе го грабнеше микрофонот во рака. Друг пат немој без вакви неоправдани, бидејки ќе има санкција