Јас па ќе испратам СП до сите први деца во семејството, е ние сме најубави, најпаметни, најдобри итн. итн. не, шала на страна намбр уан сме И огромен СП и од мене за сите бруцоши, уште неколку часа не делат од резултатите, тадааааааааааааааааа ситуацијата станува се понапната и понеподнослива
СП до сите кои најдобро место за јадење им е на компјутерот, најдобро место за пеење им е кадата или туш кабината, и најдобро место за спиење им е училиштето.
Сп до Lux Lunicka starbucks Doozy Cia Serafima Snow-queen Затоа што сите ве нудат со коктели, јас ќе ве понудам со гумени бомбони
...Луничка,Гирл1985,Синтија Aна Каренина,кога ја видов сликава во компјутер,ме потсети на тебе И добра ноќ на мама Љубичицааа
До девојкава над мене Серафима Лепаа Ади Сара123 Сноу Ана Каренина Есперанца Горде Илипили Ким Либера Мања Марама Реинбоу Дузи Хипстер Теди Мечето Смајли Глоси Блексвон Да не зборам дека сте ми посебни бла бла. Самото тоа што ве има на списоков значи нешто!
Прво поздрав бек до Emche-kremche и LoVeR, ви благодарам за поздравите девојки. СП до Unfaithful18, забележав дека девојката е навистина креативна, таа какви теми ќе отвори, тоа никому не може да му текне. Ова е во позитивна смисла да си знаеш, сите твои теми што сум ги забележала ми се допаѓаат. marama, што веќе двапати ја поминувам и не ја поздравувам во Скопје. Срамота следниот пат не само што ќе те поздравам туку и кафе ќе давам И до H.VAGA и dragan4eDR- чисто онака затоа што ми се мили, ако не и најмили И сакам да си ги поздраву сви КУМАНОВКЕ на форум Повелете од моето омилено чоколадо, и по некој коктелчиЧ!
До Beauchamp и Mishela. Како што сум решена да си ја подновам козметиката, многу добро ми доаѓаат вашите мислења. Од прва рука се решавам дали да купам нешто. Да ве почестам и двете по малку, да се разладите
Џоксич, да пукне! Све што ни го сметало, че го паљиме со бенѕин! Поздрав беГ! Цврцки. Еве ти едни патичиња од несуџенава дада по мразење.
Поздрав до сите оние кои си придремуваат во автобус, јас еднаш толку многу се опуштив, вруќината ме утепа, па си дремнав и кога отварам очи (а мислев дека заспав пред 5-6 секунди) видов дека чичкото од јсп ме однел у пичке материне, две-три автобуски станици подалеку . Инаку не знам зашто ама скоро секогаш ме фаќа дремка у автобус Поздрав бек Ловер
Сакам прво да ги поздравам назад тие што претходно биле така несебични, и одвоиле неколку секунди да помислат на мене и да ме пишат тука, стварно е убаво чувството кога ќе си го прочиташ името (посебно од форумџики кои ги цениш). Сега сакам да ги поздравам..... ели25 - ти праќам среќа мила, се` да заврши како што сакаш ти, и ти посакувам што поскоро исполнување на желбата славица999 - оооо жено, некако те успори одморот...ајде пишувај повеќе, секогаш се смеам со тебе кравче - Не ми треба причина за поздрав, едноставно ја обожавам Анатх - да ги надминеш полесно проблемите, и што поскоро да се комплетирате гирл1985 - да го средиш мажот ти побргу, за да може тој после да те средува АИТ, Божица1980, МаченцеЕна - оти се златни мамички Трендафилка - оти знаеш многу добро да анализираш и перцепираш, и секогаш ми измамуваш насмевка луничка - оти си реална, и за добро и за лошо, ретки се таквите луѓе денес Спојлер ....со желба да доживеете овој ( ) да ви го каже ова: п.с. Срам да ми е, сега ми текна дека ја заборавив МСкорпионка - посебен поздрав и до тебе жено со желбата погоре (не можам да внесувам повеќе смајлиња, сум го надминала лимитот!)