^ Ептен ме погоди со поздравот Многу фин заболекар имам ама кога ми вика отвори ја устата го мразам ,тој нека ја отвори ако толку сака Сп до сите зависници од динче
А од мене поздрав до сите оние што не се плашат од забар Толку ли малку не има? Мене како малечка, секое влегување на детско ми беше како во Дизниленд На сите страни играчки, Дизни ликови, цртежи од запчиња што зборуваат... И многу сакав да се возам нагоре-надоле на столчињата После секој преглед, стоматологот ми пишуваше петки на раката. И ми црташе прстенчиња. И морам да го спомнам она кога стоматологот ти прави муабет, а ти полна уста со брмчалки, правосмукалки (така од мала си ги викам), огледалца и што ли уште не....
Ја ќе ги позравам Ади и Дивајнбатерфлај ве видов на слика женски супер сте И еден до Илипили и Серафима - зошто ме трпат нон стоп со моите згоди и незгоди И до Џинџи шо напрај со компотот а
До Кравче - сакам да и се заблагодарам што ја сподели со нас таа прекрасна и величествена музика, уживање за сите сетила. А, јас баш бев изгубена во поглед на музиката и не знаев што да слушам за да се опуштам, а барав баш нешто како ова - фала ти! Иако е насловот на шпански, мене ми делува баш француски и додека ја слушам се замислувам како шетам по Елисејските Полиња со беретка врз главата. Голем поздрав!
Тоа е поради саксофонот, ја прави баш релаксирачка, инспиративна и по малце секси (каква што е и Франција ) (оригиналот е доста поинаква) Мило ми е што ти се допадна, поздрав и до тебе
Сп до Neytiri Колешка ми Ади Дивајнче Кравче-ја рендам на сонгпоп Џиги-ме ренда мене ,а во меѓувреме двете се рендаат меѓу себе Исто така поздрав до Еленушкаа-сега стварно ќе те карам,не ми сметаш воопшто и задоволство ми е да ти помогнам. Глоси Пами Дузи Лудото Повелеле
до Ливинг Глам , за пораките полни со уметност, за подршката и убавиот збор кој секогаш го имаше за мене. Недостигаш на форумот за баланс, зашо многу нерасположени ми ги има во последно време И она што најмногу недостига е твојот вкус. Теодора никогаш не сум верувала дека можам толку теми на разговор да најдам со девојка. моја грешка. Ми недостигаат твоите пораки, секогаш со нетрпение сум ги очекувала. Ќе биде себично ако кажам само дека многу сум научила од тебе, зашто најбитно од се беше нашето дружење. Жапче , секогаш полна со креативност и со разбирање за сите. Секогаш сум уживала да ја читам и никогаш нема да ја заборавам првата порака од неа, ми помогна подобро да се соочам со многу работи. И браво за сарказмот бтв Каша да запознавам секоја година по една личност квалитетна како неа, ќе се самопрогласам за девојка со најдобар социјален живот Зашто вреди за пет и мило ми е што ќе можам да работам на нашето другарство. Ќе ве поздравам со една песна, моја омилена моментално, малку е меланхолична ама ако http://www.youtube.com/watch?v=GGd0JoZ0-l4
Поздрав и до тебе Пиленце, уште од сега почнав да се смеам. Џо сој ла мас фуерте. http://www.youtube.com/watch?v=XiBYM6g8Tck
Ти благодарам Лукс! Најголем поздрав до тебе затоа што си прекрасна личност Исто така СП до сите што си најдоа колешки на форумов.