Може и јас да поздравам некого? Онака сакам, од ќејф Најспецијален поздрав до АИТ и Ели25 - ептен ми помогнавте! Славица999, Божица80, Блонд, Џули77, грл1985, грл.23, Геа, Шана (враќајте се вие две, фалите на форумов!), битерсвит, НоелПејџ (името ти е од книгата на Шелдон, така? „Полноќни спомени“ или како и да ја преведуваат овде - опасна женска беше таа Ноел), ДеМело (ми се изгуби ти некаде?) понатаму, сакам и да ги поздравам и охрабрам сите идни мамички на форумов - уживајте си во бременоста и радувајте се на она што иде, колку и да е тешко на почетокот - а секој почеток е тежок Сакам да ги поздравам и Кравче и Трендафилка, како и сите останати кои се нервираат поради тоа што не можат да најдат работа според својата струка, или пак не се добро платени, или пак се омаловажувани... јас бев последната која ќе рече да си ја барате среќата надвор од државава, ама сега сум прва. Дефинитивно леб нема овде, нека не ве лажат приказните на Шител.... Ги поздравувам и оние кои се на диета, а и после неа - јас не ве дружев периодов, малку забушавав (среќа не се здебелив), ама ветувам ќе се вратам на стариот режим, да ве дружам. Сакам да ги поздравам и сите оние кои придонесуваат за магијата на форумов, а ги има доста во последно време - а бе сакам да ве читам девојки, навистина. Многу од вас се помали од мене, ама имате што да кажете, и реално, да се научи нешто од вас. Да не ги заборавам машките членови кои на прсти се бројат, ама отскокнуваат од останатата машка популација која сака да „нè дружи“ и во реалниот свет. Фала ви за решенијата на бројните женски дилеми и недоумици Е па толку... сите ги поздравив... .... ... а не, чекајте, ги заборавив тролчињата, фала ви што ни го посетувате форумов и знаете некогаш да ми го продолжите животот со вашите прашања и теми
Со задоволство! Да го стокмам процесот на адаптација во новата „дома“, па кафето и муабетите уз него ни се следни на листа. Одвај чекам, најсикрено. Фаќај гушка.
До Љубам . Случајно налетав на сликите на Љубам на фб . Доловена е секоја емоција, сликите се полни со љубов, впрочем како нејзе. Љубам за мене е љубов .
Најголем, најспецијален. До единствената Пирамида. Спојлер Држ' се мор! Еве ти ја на', пошто си најголем борец. Не си умна и треба заради тоа човек да те скрши од ќотек, ама instead ќе ти ги скршиме коските еве вака. http://www.youtube.com/watch?v=PstrAfoMKlc
До Сноу, без лутење ама ги силуваш темите за бременост. Отвараш нови, делеш совети, секој втор коментар е твој, а не си ни трудна. До некни главна беше кај свадбите, сега овде, па следно кај свекрвите . Те очекуваме .
Ќе ја силувам темата ама морам да му возвартам на поздравот на Лудото мое . Знае таа што мислам јас .
Поздрав до сите кобачи и неподржувачи на Македонската фудбалска репрезентација, ептен сте патриоти бе, ептен!
Поздрав до Сноу и нејзиното љубопитство..што да ти кажам што се слободни фотографи? Нема некоја филозофија ќе ти дозволам на умот да размисли дека си поприлично интелигентно суштество..
Не дека се пронајдов, ама овие навивачиве сите до еден се едни патриоти тешки, затоа во државава ружи ни цутат. А и Шпанија во потпис, кјут. Поздрав и до тебе.
Голем поздрав назад за Tessie и Serafima - фала џенцки. Еден беГ до Αrtemission - леле какво мило фациче е кактусчето! Neytiri - Поздрав назад и до тебе, фала за континентот. Едит: Сум помешала бре имињава дека на Н, сори Nymeria ама ако, поздрав и за двете. Поздрав назад и до тебе Марбелче, можеше да ме пишеш, да не се барам вака. И еден последен поздрав до твојот сарказам. Поздрав и до сите други кобни непатриоти ко мене што телепатски се криви за поразот оти реално ги гледаат и коментираат можностите на нашите дрвца, па не ги трефна узбуџење при правење фудбалски експерти. Кај ми е сега смајлито што се крсти? Ај, лека ви ноќ.