Ахаха не знаев дека се мешам во поздрав Јас не ни гледам фудбал. Тажно. И крајно непатриотски, јас сум џганот на државата.
За Шпанија си навивам зошто си навивам и за Барселона, и таа ми е втора омилена репрезентација, Македонија ми е секогаш на прво место, неможам никоја земја да ја ставам пред мојата држава, така да подобро ти ќути си кога појма немаш, и не се замарај-продолжи да кобиш * А за предходните два коментари, жално што сте се пронашле ама не беше поздравот наменет специјално за вас, наменет беше за сите што не си навиваат од срце за репзеренцатија без разлика дали имаме шанси да победиме или не, вербата е посилна од се, штета што кај некои македонци тоа чуство не преовладува за некои работи.
Awww Баш до сега кобев (зборов :? ). Интересен е тој феномен кај вас патриотите, како патриотски и страсно навивате за вашата земја, а кога има важен протест на пример, кој допринесува за интегритетот на Македонија, вие...па претпоставувам сеуште навивате пред телевизор? Мислам ништо лично, феномен кој го среќавам кај повеќето страствени навивачи, дај боже да не се пронајдеш. И како тоа се пронашле во поздравот ама не бил наменет специјално за нив? И м е големо кај Македонци, патриотко.
Спојлер Хмм Марабела,не би рекла дека овде имаш право Многу пати се има дискутирано на оваа тема,и си имам кажано мислење.Зошто по ѓаволите да не ја критикуваме нивната игра кога играат како дрва.Да,навивачи сме и сето тоа,па во добро и во лошо,АМА имаме право на критики.Трошиме пари за да одиме на натпревари,трошиме нерви и кршиме мебел по дома,и зошто да не се лутиме кога играат лошо.Демек не смееме да плукаме по нив,ахм да. Конкретно фудбалската репрезентација,кога ќе играат со срце за Македонија и ќе го даваат својот максимум,а не само за клубовите во кои играат(пари нели,мора да играш добро)можеби стадионите ќе се полнат со подржувачи.До тогаш јок... Се надевам дека без Хаџиристески,нема се да се врти околу парите.Ќе дојдат подобри времиња, можеби. Поздрав до тебе,Каљиопе и Нумериа.Честит празник.Македонија вечна. Патриоти бе......
Ќе сум офф топик, ама морам да се изјаснам... Спојлер Нумериа: Не се пронајдов, кога ќе се пронајдам во нешто, обично контра-коментирам, затоа што чуствувам дека некој ми се има обратено, ако не се пронајдам никому ништо. Не го напишав поздравот за ниту една феминка специјално,ова е форум, незнаев дека ако пишам во Специјален поздрав мора да биде наменет за феминка, мислев дека можеш да си ги искажеш чуствата или маките, ама нема врска, конкретно поздравот беше наменет за сестра ми, и за другарками(и сите како нив) заедно гледавме, и не престанаа да ги кобат(намерно навиива за да згрешат) играчите, а тие со сите сили напаѓаа и пробуваа да дадат гол-во прво полувреме,-тоа ме извади од такт.. поздравот им го напишав тука зошто знам дека ме читаат на фемина и ќе видат.. вие ги критиковавте,а кобење е сосема нешто друго,незнам зошто воопшто се пронајдовте во мојот пост ...ама нема врска... И кога пишувам на фемина не гледам правопис,така да.... А Смајли,никој не рече да не ја критикувате нивната игра. Ви забранив ли некаде?Зборував ли за такво нешто? Си искажав мое мислење, и зошто го мешате зборот кобење со зборот критика? кога се два различни поими? сестрами и другарками кобеа,зошто таква сум се нервирам за такви работи а нив им беше интересно, никој неспомна дека несмеете да критиковате, зошто ги мешате работите воопшто?! Иначе не верувам дека ако некој вика „хаха гледај ќе изгубат,сега ќе згреши“,дека стварно може да закоби,сериозно :geek: не верувам,ама многу ме нервираат таквите заебанции .... А неподржувачи има полно(да напоменам неподржувачи не е исто со луѓе критички настроени).... Едно е да критикуваш а сосема друго е да кобиш,таква сум, после секој пораз во кој сме можеле да бидеме победници тешко ми паѓа и ми е мака. Не пробав никому да му ја укажам величината на патриотизмот, само сакав да кажам дека со кобење не треба да се зборува за репрезентацијата, тоа е исто како да навиваш и да се молиш член од твоето семејство да не успее во животот или во било што. Поздрав до вас,се надевам ми ја свативте поентата...
До LJUBAMMMMM затоа што и ги меркам фотографиите на фб за свадбулиња и сакам да ме фотографира , кога ќе бидам прекрасна невеста на прекрасниот ден , со прекрасниов билдер мој .
До.. levely кај си ма ти од кога те немам видено Сп и до Љубам ти ги видов фотографиите и останав вака Прекрасни се
Специјален поздрав до сите што ја знаат песнава, и денсот! http://www.youtube.com/watch?v=9bZkp7q19f0
Поздрав до играчите на worms (ако ги има ) ,единствена игра што знае да расположи,насмее, изнервира,демотивира ........ Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=SLbgDk4vMz4
Сп до Лудото19 , еве апла пред сите ти кажувам дека ти љубоморам што си му била на концерт на Никос у спат слушни ја песнава, мене ми е мнооогу убава http://www.youtube.com/watch?v=eioNFFNnCYc
СП до сите кои како деца ги слушале http://www.youtube.com/watch?v=0Gl2QnHNpkA И што повеќе го сфиѓале Брајан од Ник
Поздрав со сите што денес ја видоа сликата на Гугл. Јас се наежив кога ја видов. Честит празник на сите МАКЕДОНЦИ, сме постоеле, постоиме и ќе постоиме.