cinderella5, возвраќам на поздравот со една голема гушка до тебе Ти си ми една од најомилените форумски ликови и дури имам чувство како лично да се познаваме Сигурна сум дека кога би се знаеле лично, би имале одлична дружба, доста слични карактери сме, барем така мислам Истово погоре важи и за Трендафилка, па ја поздравувам и неа, и иако и’ кажав и нејзе, сакам и овде да кажам колку сум среќна за неа што се вработи Се’ е подобро од ништо, а нема сомнеж дека за една таква интелигентна, речита и принципиелна девојка со текот на времето ќе дојде нешто уште подобро Во иста каша бевме, точно знам како се чувствуваше додека беше без работа, и најискрено, мило ми е за неа како за свој и само нека ја следат уште поголеми успеси Поздравчиња упатувам и до teddybear, Peppermint, lunicka, julie77, marama и bittersweet. Тоа се девојки/жени кои многу пати ме воодушевиле со начинот на размислување, жени кои навистина имаат што да кажат и кои навистина ги почитувам како форумски ликови. Во ова тмурно неделно попладне, еве да проплакнете очи малку :geek: Не би да ве товам со јаденки и пиенки, за тоа е тука малиов
Истово погоре важи и за Трендафилка па ја поздравувам и неа, и иако и’ кажав и нејзе, сакам и овде да кажам колку сум среќна за неа што се вработи Се’ е подобро од ништо, а нема сомнеж дека за една таква интелигентна, речита и принципиелна девојка со текот на времето ќе дојде нешто уште подобро Во иста каша бевме, точно знам како се чувствуваше додека беше без работа, и најискрено, мило ми е за неа како за свој и само нека ја следат уште поголеми успеси Навистина, ако е така и мени ми е мило за тебе Трендафилка,па да ти се погоди работата и платата и да напредуваш како што ти посакуваш.
Трендафилка, од се срце ти честитам за вработувањето. Слабо се врткам низ форумов и сега прочитав. Дај Боже да одиш само напред, а платата да ја трошиш само за убави работи и радости.
Секси бејби 86 ... е како ми го погоди десертов!? Таман сум и најадена и напиена, тоа веќе не ... Ова е веќе шлагот на крај, денот може да биде комплетен. Јас тебе за убав остаток од денов ...
Сп до оние што како мали, редовно лижеле. Спојлер Степче. Сите не караа дека ни биле валкани рацете, и што сè може да ни се случи. Ама сè за инает. Секој ден си лижев.
И ја би ја поздравила Трендафилка, и секоја чест за трпението и трудот. Тајгерлејди.. не ме плаши лошо е тоа м? Бацки до тебе! И еден огромен до JuLiE!
Фала на леп поздрав. Чисто информативно, вчера ја видов познатата тетка од постот. Си пазаруваше, буткаше количка, онака кежуал, несвесна за успехот, а богами, и статусот кој го има овде. Ме интересира дали уште така си потпрднува, наштимана како Виенската филхармонија.
Сп до Гордана Како што ти ветив, еве слики ( ќе има уште чесен збор) Сп и до Шилеа Кога ги видов точациве прво нешто на што ми текна беше ти . И поздрав до сите кои ја сакаат Венеција
И јас ќе ја поздравам Гордана10. И еден специјален поздрав до Заборавена.. не знам каде те снема.. но ми недостасуваш.
Специјален поздрав до хммм...до мене. :geek: Па кога никој не ме поздравува, морам да си се поздравам самa.