И јас те сакам среќо моја најсреќна па како и да ме викаш Не знаеш какви хулахопки сум си купила, едвај чекам да се видиме после големиот ден да ме видиш, мислам дека уште во Понеделник ќе те барам И покрај оваа брлива феминка со која многу се сакаме морам да кажам дека конечно запознав уште една, исто така како и Среќичка, моја крвна група, башка и Архитетка Басче Додека мавам коти на еден рандом проект за куќичка за еден братучед те поздравувам со Ирско кафенце
Miss Ricci. Те О-БО-ЖА-ВАМ! Ете така лесно ти идат и ги кажуваш/пишеш работите и нема пост а да не се сложам со напишаното. Толку си девојка во права смисла на зборот, со големи доблести, толку реална и топла, позитивна и жива, храбра и љубезна....прекрасна си. Те поздравувам со маестрото
До Ана Каренина . Сликата со чајчето и шарените ракавички ти е супер, ја земам за на десктоп Спојлер (секако, со твоја дозвола).
^ Благодарам, поздрав и до тебе Мило ми е што ти се допаѓа фотографијата, слободно земи ја за десктоп
До Abeja...ала да ти е за: По сабајле денов ми почна со смеење повели ако и тебе ти се пријаде кисело....
Поздрав и до тебе Сноу Квин, и до сите останати феминки особено трудните, навалете на туршија, разновидна, има и моркови, карфиољ и све, разбираш
Прв пат пишувам во темава... гледам поздрави се делат, не знам заради што, ама јас им праќам специјален поздрав на сите феминки кои денес имаат роденден, а воедно си го честитам и јас самата својот!
Сп и од мене до Абеја и до краставичките ...гледам и Сноу те поздравила, ама морам и јас Како си ме изнесмеала ....не си тачна (ова у позитивна конотација) Туку јас две бремености протерав, а не сакав кисело, добивав напади на благо...така што , ај ќе си преќутам
Па тогаш ти не си била трудна, како си родила ја стварно не знам, не можам да ја откријам формулата , мора некаде да грешам се шалам, бидете сите живи и здрави, поздрав бек и до тебе и твоите сонциња и твојата месечина се разбира А јас па мислев дека вчера ми тргна премногу на иронија, чекав да дојде нов ден, и видов дека сум погрешила, не било само вчера
Специјален поздрав до девојките што секогаш ми даваат совети кога нешто ке ги прашам,и ја ценам нивната искреност.