До Crazylady Јас тебе одамна те читам, ми прирасна за срце И до Либера. Многу ми е мило да знаеш, се надевам ќе научиме многу
Јас сакам да ги поздравам новопечените мајки, се потресов читајќи ги нивните породилни приказни. Очигледно нема ништо посилно од мајчинската љубов. Сакам да ја поздравам и Мимииии, има што да каже девојчето. И да ве поздравам сите што не кревате така лесно раце од форумов, што го сакате и си оставате дел од себе тука. Убаво е да имаш каде да си ги истуриш емоциите, да се посоветуваш, да се насмееш, да се растажиш со нечија приказна... Се надевам нема да дозволиме тоа да згасне.
Специјален поздрав до Yipman2 и новоназначената директорка на ЕлеМентал Фан Клуб SnowWhite91 Пријатно ме изненадивте и насмеавте Spoiler
Немој вака, зар не дозна дека лесно се вљубувам? Големо и специјално поздравче и до тебе. Пријатен ден! П.С. Совесно и чесно ќе ја извршувам функцијата!
imelda Te сонував синоќа како сум ти била на гости во Англија (негде изглеа во потсвест ми има останато што сум прочитала за тебе во спротивно стварно не ми паѓа на памет пологично објаснување зашто ) Како си ми ја покажувала куќата (голема, во тивко предградие, чиста, светла). И сум ти викала „еее блазе си ти, јас еден стан не стигам да го исплатам, види тебе каква ти е куќата...па уште и у странство “ Cмешно ми беше, па ај да споделам. Не и' замеравај на теси од сонот, нема благе везе со мене...
Еден огромен поздрав до Snow - Queen затоа што е претерано храбра! И затоа што либето и се врати дома!!! Мислам дека и пуштив некоја солза прееска кога видов дека се вратил, некако потајно мислам дека сите го чекавме... Сега, една недела да не те видам на форумов, а после секако можеш да ни раскажеш како помина reunion - от! Поздравче!
До СНОУ бе до сноу, рипам од среќа ти пишав во лп нешто што слушнав се надевам ја знаеш таа информација! Кај и да се ке се дома за Х дена, за Х часа и за Х минути, пресметав бре од тоа што ми кажаа Плачам од среќа бе поминаа и овие 6 месеции...Само ти можеш да ме сфатиш како ми е,знам знам и ти си таква
И јас сакав да ве поздравам водолии. Секоја година правам ваков поздрав. Јас сум горда што го носам овој знак, и баш денес една жена требаше да се породи, и реков: твоето дете ќе го има најубавиот знак. Еден ден ваква тетоважа има да си направам!
До Сноу уживај малку со љубовта, понекогаш имам чувство дека јас одам со вас двајца, па почнав да одбројувам, земи и уживај, седум месеци не си била љубена, така да препушти му се и посвети му го времето.
Сакам да ја поздравам teddybear и силно да ја гушнам Spoiler Секој од нас некогаш се нашол во таква непријатна ситуација, кога заради нечиј неумесен, па и злобен коментар, се истурил плачејќи и око не можел да склопи цела вечер. Барем јас сум се нашла. Знам дека е easier said than done, ама не си го земај тоа при срце. И самата кажа, постојат бездушници кои ги оценуваат луѓето врз основа на физичкиот изглед и ништо друго. Тоа ѓубре може само да жали што не те познава и што не знае колку си ти всушност прекрасна, добродушна, паметна и единствена. Уникатна. Те гушкам силно и еден совет од мене: никогаш немој да враќаш на такви простачки коментари, зошто не би било убаво да си ја вреѓаш интелигенцијата. Ако направиш напор да одвратиш, автоматски се спушташ на неговото ниво на IQ, за кое не знам дали некој тест може да го измери, од причина што не постои толку ниска вредност. Гушки до тебе и не заборавај дека си ПРЕКРАСНА, во секој поглед
Поздрав бек за DeMelo , the-girl1 ,Sara123 ,StellaDonna Поздрав и до девојката со статус сингл,Micheleljubov,и секако најспомнувата снежна кралица и нејзиниот војник.Мислам дека утре земјата ќе се тресе,ќе ѕвонат камбаните,ќе има виножито Само напред Snow-Queen
... и јас дојдов специјално да ја поздравам нашата ТедиМендо. Таа е една ретко непокварена душа која постои денес. Ја познавам, си пиеме кафе еднаш во месецот, се запознавме на форумот, има само 20 години, а девојки (па и жени) со повеќе годинки на контото може да ѝ позавидат на убавината, паметот и душата кои ги носи. Да, убавината. И внатрешна и надворешна. Сме се карале многупати тука на темата, како тие со вишокот на килограми, биле нестабилни, неиздржливи, лабилни карактери. Секојдневно сме етикетирани, и јас повторно можам да ви кажам дека стојам на истото мислење како и пред некоја година кога последен пат дебатиравме - слаба или дебела, ако душата ти е гнила и грда, ништо не ти е вредно на светов. Среќата доаѓа во толку многу облици и ниту еден нема врска со бројката која ја покажува вагата. Еднакво плачеме, и слабите и покрупните, и еднакво не` боли сите. Посакувам никогаш да не плачеш и да не те боли ништо драга Мендо, зашто ја заслужуваш целата среќа на светот.
Теди Тренди се ти кажа, поубаво немаше никој да го склопи. Знаеш колку си вредна, а и ние знаеме овде, човек не се глуми, а ти си човечиште! Те гушкам силно, еве ти едно клипче да те насмее, ама изгледај го до крај! http://www.youtube.com/watch?v=9vRJ8XMIL4w
И јас дојдов Мечето да го поздравам, те разбирам, да знаеш. Мислам, знам дека знаеш. Да ти кажам да не дозволиш тоа да те повреди, кога и мене такво нешто ме има повредено, и ќе ме има, е џабе. Ама Мече, немој да заборавиш која си и што си. Јас сум која што сум, и ти си таа, и јас имам, а имаш и ти, толкав круг на луѓе околу тебе што те ценат и сакаат таква каква што си, што навистина од 100 плуса, еден минус, не треба да се важи. Знаеш, кога ќе заземеш цврста позиција дека си сосема задоволна од самата себе таква каква што си, дека да, гледаш цртани (гледам и јас, дури и одново си ги гледам омилените, фала на прашање), дека да, читаш што ти се чита, си живееш опуштено и си го гледаш својот мерак, и да, те заболе за мислењето на другите, тек тогаш ќе видиш како ќе се повлекуваат дотичните без збор пред тебе. Ииии шо воа со Трендафилка кафе мафе, џр мр, ау-уау, каде без мене , ве чекам во февруари... :geek: