Позз феминки фала за честитките и ви посакувам сите да плачете од среќа,среќни да сте цел живот и да ве почастам
До преубавото келнерче, шо ќе се истепаше да ми рече здраво. Спојлер ама нарцис http://www.youtube.com/watch?v=4UyMSu0Xyx4
До Дузи Чир ап енд рилакс а бит ! И јас таква бев првиот пат кога одев, па де броење, па цртав календари, шкртав денови и слично .. Не се замарај, дај си време... ќе отидеш и полека, полека ќе видиш како ништо не е исто од тоа од дома што си замислувала така да не губи за џабе нерви и не прави заклучоци пред време ... Ако точно ти го протолкував постот:? Те читам и си размислувам, со кој памет одев сама јас тогаш, еј... Забегав јас, ти праќам гушка и те замолувам да си дадеш време
Ерм... некои феминки го базираат своето постоење на форумов со поздравите секој втор ден, ако не и секој... Просто патетично. Немаат што квалитетно да дадат и како да воспостават пријателства,па ајде малку сите ќе ги испопоздравам, ќе видат дека постојам тука. Јас нема да поздравам никого, иако страшно многу ми оди,ама овој пат само ќе ја оставам питава тука, у мноштвото секојдневно поделени посластици. Уште оваа остана...Сакам да кажам во многу од слаткишиве што ги постирате гледам вакви пораки. Денес е недела, утре е понеделник, време е да почнете да делите вакви пити на сите што ве тревожат и ви го киселат секојдневието.
Фала Горде, ама не е 3 часот наутро, денес многу рано ме потсети Поздрав и до тебе, а ти да вежбаш зумба, да не заборавиш