Специјален поздрав до ILUSIONIST девојката која многу се дружевме на времето,која разменувавме мислења на разни теми,која ми недостига комуникацијата со неа,и во таа прилика би ја почастил
Едно парче викаш а? А да ми зачуваше една цела? шо викаш? Фала на поздравот домаќинке, и јас ќе те поздравам со едно вакво за со јадењево
До Кравче, одамна не сум ја сретнала по темите. Краво кај и да си да се вратиш, ќе правиме журка во СДК ти си на ВИП листата.
Поздрав до сите кои уживаат во прошетките на убав сончев ден,со пријатели,пријателки или со миленикот...
До прекрасната Трендафилка. Случајно си рошкав низ некои стари книги и прередував полици, кога од една стихозбирка ми испадна писменце со внатре честитче во облик на маче, со посвета од неа. Ми ја даде кога се видовме на една промоција, и кога си ја прочитав, ме опфати бран радост, смеа, среќа. Ме најде во вистинско време. Сум го ставила во "Ветерот носи убаво време". Не е случајно. Трендафилке филке убава, ти посакувам радости годинава. Имаш нови патеки пред себе, со насмев на лицето да ги изодиш. Да ти донесе ветерот убаво време! Гушкам
Кравче се отели, па уште дои сега, да потпорасне малото па ќе се врати. И од мене СП до кравче и до сите вас, без исклучоци.
Кетрин. Ова би било собата која би била совршена доколку има прозорец и место за седење до него.... Ловецот на сонови...
Elennaa Затоа што ми е една од најпозитивните тука, и со мерак и насмевка си ја читкам Ај да не бидам лоша, да не те стрвам
Јас во оваа прилика сакам да упатам еден специјален пзодрав до Кетрин.Месечинка , девојче кое навистина ми се допаѓа како размислува, секогаш ми е интересна за читање и оваа неполна година како е тука навистина ми стана мила и го направи форумот уште поинтересен. Гушки и бацки
^ Јас сум благодарна, неизмерно. Мило ми е што сум тука. Мило ми е што сте тука. За сите оние кои буквите од никот ми ги напишаа со црвена боја,и виртуелна љубов. ******* Ти благодарам и тебе Vikica.cuci ******* Ова беше напорен ден. За сите оние кои конечно се дома после сите обврски. Минути за себе...