Специјален до сите феминки Христос Воскресе, од се` срце ви посакувам среќни Велигденски празници, овој најголем празник на сите нека ни донесе здравје, љубов, радост, мир... За многу години!
До сите кои го празуваат денешниот празник. Христос Воскресна! -Навистина воскресна. За многу години празникот. Да сте живи, здрави и многу, многу весели.
Специјален поздрав до сите! Ви посакувам многу среќа,здравје и љубов. Христос Воскресе,за многу години!
Христос воскресна од мртвите и со смртта,смртта ја победи и на оние во гробовите живот им даде! Специјален поздрав до сите! Христос Воскресе
СП до сите од православна и католичка вероисповед! Христос воскресе, за многу години нека е Велигден! Повелете на гости, ќе се кршиме со јајца, ќе си правиме муабет итн...
Христос воскресе!Нека е честит празник на сите христијани,да има мир,љубов и слога меѓу сите луѓе во светот.Нашиот Спасител умре за нас ,и смртта ја победи со смрт и не научи да љубиме несебично и искрено,не научи да се жртвуваме,оти само љубовта е совршена кон која сите треба да се стремиме,за вечен живот ! Бог нека е со нас секогаш
Ова и не е најправилно но по повод празников сакам да ги поздравам сите кои наредија јајца на интернет и беа вчера во црква без да го знаат значењето на овој ден. На Велигден се празнува воскресение Христово. Бог го жртвувал сопствениот син за вашите гревови ама вие немате храбост да се откажете од промискуитетното мини еден ден во годината. Шо барате таму, популарно е, на минување сте ?? Не разбирам. Не е правилно знам, и грешам, ама човечкото во мене ќе пукне ако се воздржам а да не речам - потрудете се.
со оглед на тоа што јас не сум некој си голем верник, ќе ве поздравам сите кои сте во празнично расположение, кое независно од (не)побожноста ме држи и мене. Особено ги поздравувам сите кои постеле и им завршија постите, повелете, надокнадете
.. до AnaKarenina. Кога видов дека ги читаш Емаус и Океан Море се прерадував.. уште една прекрасна девојка што го засака Барико, си реков. Омилен ми е, се надевам ќе уживаш во раскажувањата и долгите реченици, ко мене. Следна ти препорачувам да ти биде City. Омилена од Барико, so far. Ја прочитав пред месец дена, ама еве сè уште ми е празно секојдневиево без тие ликови. Баш се вакви неговите книги. Поздрав!
Поздрав бек L-enna Ти се верува ли дека Емаус сум ја имала дома уште од ланскиот Саем на книга, а не сум знаела? Сестра ми ја купила лани, а јас дури пред некоја недела ја приметив во домашнава библиотека. Ваква бев кога ја видов Сестра ми не беше нешто многу импресионирана, тотално различен вкус за книги имаме (како и за сé друго впрочем ). Ама јас уживав додека ја читав. Потполно различен стил од она што досега го имам читано. Како да си потонав во некој друг свет читајќи ја приказната. Иако Барико е познат по мали книжулиња, јас си ги читам бавно и си дозволувам да се изгубам во секоја реченица. Затоа што зборовите се толку внимателно одбрани, како везени! Новеченто долго време ја барам, ама не успеав под ниедно име да ја најдам на англиски јазик во електронска форма. Секаде ја најдов на италијански, дури и кога ја барав како City Ако имаш линк од англиски превод од каде што ќе можам да ја симнам, би ти била преблагодарна да ми го испратиш по лп Те поздравувам со една убава песничка http://www.youtube.com/watch?v=_VHj1_-Hg0I
Најмила моја, секој муабет со тебе ми оди, ама изгледа на оваа тема најпогодени сме си. Еве ти од мене чоколадно млекце за да можеш поубаво да заспиеш. Слатки сништа.
СП до: CutieWithABeauty Someonespecial Dream-Girl LittlePinky Srckata28 Elennaa Elissa BelieberYeahh Papillon.Papi Cvetetto