Никогаш не сум поздравувала до сега, па да го скршам мразот со @crimson ... ете не знам дали затоа што имав и јас една ваква слична животна бура, но ме допре и ме здрма со последното мислење во сдк. Ти ја посакувам сета среќа на светов, затоа што таквите луѓе како тебе кои неуморно се трудат да бидат подобра верзија од себе се вредни за почит и заслужуваат да им се случуваат само убави работи Главата горе и само позитивно. Што било поминало, нека ни биде само поука и потсетник за тоа што е вредно и колку ли само сила носиме во нас
Благодарам најмногу на свет, и поздрав назад и до тебе и до сите што ми пишаа откако го напишав мислењето во СДК. Прекрасни сте сите Не зборував до сега често на таа тема, ама сфатив дека со споделување на искуство можам да помогнам некому, мене ќе ми помогнеше многу ако зборував со некој што поминал низ истото.
Ај овде почнале на големо да се поздравуваат мажи. Ај и јас да не сум покусо. @Bah пријателче, повели на една чашка од најскапиот пијалок кој постои
Ти благодарам пријателке @anina но само под услов ако заедно пиеме. Луксузот е добар но уште подобар е во убаво и пријатно друштво. Чест ми е што те имам за пријателка
@galapce ете те поздравувам на различен пост од Бах. Не сакав да ризикувам, буквиве ќе се истепаа. Ти алкохол не смееш ама друго може. Ела си да каснеме по едно парче. Остани ми поздравена.
Поздрави назад до @Elissa (поучен ова поздравов, значи треба стварно да си другарка за да дадеш таков совет ) и @babyblond (гледам јас, ќе ме заразиш со серијава и ќе ја загледам прописно ) .
Специјален поздрав испраќам до сите навивачи/навивачки на ФК Барселона,сите што пишуваат во темата за Барса! Visca el Barca! Mes que un club!
Специјален поздрав до сите форумџии со едно вака жешко предновогодишно расположение благодарение на Раде пилето и неговиот хит сингл песна-гатај ми, гледај циганко. Не можам да одвојам внимание само на еден момент, целата песна особено СПОТ му се еден голем момент. Спотов мора да се види Да ти е криво што со вакви делиш државјанство