и јас сум ракче сп до сите ракчињаа, романтични и емотивни, чувствителни и љубоморни, а пред се-злопамтила и сп до сите ониe, на кои им се јаде гиро и тоа од гирадико!
СП и упатувам на загрижената и мила Анннни. Жал ми е што си тажна, ама ти ја дувам сета среќа во твој правец за што побрзо да оздравиш и здравје кога ќе дојде време да си родиш и здраво детенце. Чувај се и главчето исправи го, ќе биде се во ред, ќе видиш.
И јас ја поздравувам Анннни, да не биде тажна, јас кога ја запознав на форумот беше многу среќна и позитивна и сакам таква да ја гледам. Не грижи се, ќе помине, види колкава поддршка имаш од нас како може да не помине Те гушкам мила
срценеце мое мало...те гушкам јас тебе...мило јас сум по природа насмеана девојка ама сега така налагаат околностите...ај за две недели кога белки се ќе биде во ред и ви соопштом добри вести,пак ќе ве забавува со моите “безврска“ приказни
СП до целокупниот персонал на Фемина, денес да си имате ден исполнет со смеа,среќа,љубов,позитивна енергија. Ве поздравувам со мојот денешен хит,за релаксација со полна шоља капучино,покрај сите вас http://www.youtube.com/watch?v=rtIfQkeVbmQ
Сакам да упатам СП до бабичка и дедо бидеќи денес прават златна свадба Се надевам и јас ќе успеам да доживеам љубов како нивната И сп до сите што вечер планирате да си поминете најубаво http://www.youtube.com/watch?v=u-rJ-6hBfSo
Јас денес ќе упатам СП до сите Скопјанки на форумов, до оние кои се доселиле во Скопје и го засакале, до оние кои живееле во градот а се исселиле, до оние кои студираат во Скопје, оние кои работат во Скопје, оние кои студирале или работеле во Скопје, кои се заљубиле во некое згодно скопјанче, оние кои го добиле првиот бакнеж во градот, до оние кои го доживеале првото пијанство во градот, до оние кои го мразат, до оние кои се разочарани од него....до сите кои на некој начин развиле каква и да е емоција и некаква врска со овој град http://www.youtube.com/watch?v=2pL6A_3S550
СП Пирамитке и до тебе. Се пронајдов тука во некои реченици. СП и до Анннни. Муце не семееш да бидеш тажна. Те гушкам нај нај нај нај нај силно. СП до Катакомба и Ангелчето и се надевам дека кај и да е ќе ве видам. СП до Мацушот, Роуз, Докторката и цела ФЕМИНА.
И јас се надевам дека ќе ве видам двете. Оваа Катка, фати магла, отиде во Охрид, ако ако, ќе види таа. Еден најспецијален поздрав до ситее!
СП до Аннни муцето мое,сега прочитав што и се случува и сакам да издржи и да биде храбра,се поминало се се средило па така ќе биде и со ова...Сакам да биде онаа среќна девојка , која беше една од причините што станав активна на форумов и ми фалат тие твои постови многу...Само насмеј се муце и биди расположено и среќно секогаш колку и да е тешко колку и да ти изгледа невозможно..Секој ден изгубен во тага е еден ден помалку среќа во животот...и да знаеш дека Мисс те сака премногу!!!
И јас ќе си ја поздравам Аннни, да знае дека сме со неа, и дека се ќе биде во ред, те гушкам. И до сите на кои што им е потребна прегратка.