Најспецијален и најголем поздрав до @sanjaeva, нема потреба да правам топ 4 за тебе, знаеш дека си ми меѓу омилените, само немаше повод да те спомнам, инаку... . Затоа еве овде многу гушки и бацки од мене и Енџела до топ еден СањаиЕва .
@vitamina Ти си една прекрасна мила и културна личност,ја заслужуваш цела среќа на свет...да знаеш само колку се радувам што твојата приказна е со среќен крај..уживајте во љубовта сосема заслужено те награди животот @Kukla994 среќен и на помош да ви е Бајрам,да си славите во мир,среќа и љубов со најблиските Среќен празник и на останатите членови што слават @Anabelle.Amorette @Someonespecial куп гушки и многу љубов до најпаметните и најмилите девојчиња тука,мерак сте ми,си знаете,камо цела младина да беше како вас...ве сакам
@vitamina Те мислам да ти упатам еден СП од кога ни објави дека си ни трудно, а никако да го сторам тоа Пред се, сакам да ти посакам лесна бременост. Кога прочитав се израдував како за свој човек да станува збор Ти си едно толку прекрасно суштество, единствено нешто што можам да кажам е блазе си им на тие што те имаат во близина. Сталожена и коректна жена, дама во вистинска смисла. А мене ми е од вистинско значење тоа што не ме пропушташ во скоро ниту еден поздрав тука. Иако е виртуелно, ми годи кога знам дека сум оставила впечаток на личност како тебе. Остани каква што си, ти пожелувам еден тон среќни моменти!
Фала @vitamina на поздравот, најголем поздрав и од мене и принцес крофната , и уште те чекаме на гости, да знаеш .
@Offspring - ја читнав по темите... многу работи се смениле. Дамнешна форумска пријателке - поздрав и многу бакнежи
@Summerlover Ми фалиш со твојата прекрасна позитивна енергија и уникатниот хумор со стил во дружбата во младинското ќоше, ми фалат и твоите паметни ставови зачинети со сарказам во дискусиите... абе свесна ли си ти колку фалиш тука, ma cherie?
Поздрав до баклав4ето @Pirana, толумбето @Lilit, кадаиф4ето @danichap, мамасита @RainBow на која и завидувам што успева да изгледа серии додека дои, јас тв само како предмет го гледам за сега и да не го заборавам експертот за земјотреси @Yipman2 Ова мамасита од една песничка на која реагираа дечкиве додека ги носев во стомак. Ве поздравувам наведените и ненаведените со една строго фамилијарна нумера од едукативен карактер. Кис4е за сите, ве обожавам, ми недостигате, најбољи сте не знам што би правела без вас на форумов, ај за сите по едно благо со шербет. Се вклопив ли во темата со начинот на изразување? Наредниот пат ќе се потрудам подобро. Поздравов е и за сите што не се пронаоѓаат во поздравите тука, помеѓу сите тие торти, баклави, кафиња, ордевери. Слушајте и уживајте Ова е тверк а не тука Бијонсе, Ријана и сл.