@lunicka Секогаш кога помислувам на форумов најпрвин помислувам на тебе...толку искрени и со душа напишани зборови.Основачот на мојот лек....мојата омилена тема..и поздрав до сите од 40ката
@mal.ecka Ти блaгoдaрaм мнoгу. Трaдициoнaлнo секoјa гoдинa си зaмислувaм убaвa желбa зa Нoвa гoдинa зa некoјa феминкa.Oвaa гoдинa желбaтa ќе ти биде нaменетa тебе.Дoсегa сите се oствaриле пoчнувaјќи oд @Serafima...
@Ketchup фала другарче за поздравот гоооолем поздрав и до тебе... Успат да си ги поздравам и @macka91 @Someonespecial @Summerlover @Kukla994 @vitamina @kjukli @Bender Rodriguez Интересни, смешни, забавни, пријатни за читање...останете такви
Ништо де галапче убаво, што би ти фалело тебе? (овие се од порано што ме позз луѓенца, па им враќам де ) Туку тебе и да не те пишам, си знаеш и сама дека си поздравена Нели и сама гледаш дека ако пишуваме во иста тема, мислењата, ставовите, критиките и пофалбите... скоро 98% ни се исти Секојдневно си се надополнуваме по темите со тебе и останатите неколку членчиња, така да, наши луѓе сме си ние
Ама друго е вака кога Апла пред сите ке ме поздравиш. Да знаат дека се сакаме. Беше тоа љубАв на прв поглед,овај,тагирање де.
Пред спиење огромни и топли гушкања.... љубов, љубов и само љубов (кој викаше вака не знам ) п.с. Па поздравиме и ти де некогаш, не се СРАМУВАЈ
Да не одам офтопик... Специјален поздрав до @julie77 Ти праќам поздрав и со картата и со цитатот... Зимај ГПС и оди, по цел ден, не се прибирај. Со тебе еден ранец, вода, телефон, полнач и пари. Обавезно јади од тие штандчињата што се по улиците, купи си од њујоркшкиот прецел, цеден сок, кафе за носење... Седи на некоја клупа во Централ Парк и диши. Качи се на Топ оф д рок и само седи горе... Сама. И диши. Имаш половина час, искористи го максимум. Погледот е поубав, од таму се гледа и Емпајер стејт. Застани на врвот на Тајмс сквер, на скалите, среде гужвата, и гледај како пулсира градот... Па ќе фанеш накај Мадам Тисо, накај редиците што чекаат да купат карти за Бродвеј... А и задолжително е седење на металните столчиња и набљудувања на луѓето. Обавезно да јадеш и њујоршка пица, најубавата што некогаш ја имам јадено во едно пицерииче спроти Емпајер стејт, еден Господ знае како го најдов тогаш, лани го барав пак и не успеав. Оди сама, нагоре, надоле, по авениите, по улиците. Оди без да треба да стасаш некаде и ќе се зачудиш што се' ќе откриеш. Шетај, истражувај, сонувај низ Големото јаболко, оти... никогаш не знаеш што и каде може да се случи. Знаеш како беше таа - се пронајдов баш таму каде што се загубив. Знам дека други те шетаат, ама оди сама. Трчај по метрото, губи се под земја, ќе се снајдеш, знам. Чувството е неописливо кога лека-полека се претопуваш во масата и стануваш едно, а сепак си ти. Нујорк ако не го доживееш сам... како да не си ни бил. Никогаш нема да го заборавам тој половина час... кога слетав за првпат таму, се качивме во такси и прво гледаш само сивило, сивило, сивило и наеднаш, кога минуваш преку мостот, полноќ мине, а пред тебе се отвора Менхетен во полн сјај... Чувство на целосна среќа и исполнетост, чувство на подзинување, а не е така лесно да ме воодушеви човек. Не знам каде ќе ме однесе животот, се' си мислам дека ќе ме однесе на некоја друга страна, ама знам дека јас и Њујорк не збогувавме, туку само си рековме - До следното видување.
За @Doozy. Иако посветен на Јуле описот ти е фантастичен. Секогаш сум сакала да летнам од другата страна, се надевам ќе дозволам и мене да ме воодушеви некогаш. ❤
Поздрав до сите патувачи-сонувачи. Леле, како Берта сум. И поздрав до @nena2010 , ме заголицка да почнам да пишувам за Истанбул... ама не стигнав. Тие неколку дена во Истанбул долго ќе ги паметам. А и деновите во Турција, општо. Убави спомени од неколку прилики. Турција ми е мирис на Нивеа млеко за сончање, сладолед што тече од пекол време, мирис на лентата за багаж на аеродромот, влажен воздух, ценкање, феноменална услуга, сушени домати и од тоа сирењето на ленти... И парадоксално, ама ме потсеќа и на коктели и многу пиење (да, тоа правев таму). Иако не бев сама, не се растажувам кога мислам на Турција. Уживав таму. Освен кога беше малиот инцидент со бомбата, ама ок, се случува. Кој сака да шета со мене - ветувам дека нема да го носам по клише места, одиме со дневен билет да истражуваме... Одиме во обратна насока од сите туристи, по можност да се губиме низ улички, сокачиња, се симнуваме и качуваме на рандом постојки и се' така додека не не' заболат нозете.