Среќна нова спешалка да си жива и здрава. Секоја желба да ти се исполни во новата година и да си најсреќна.
@JollyGirl Многу паметна, искрена и прекрасна девојка си, што знае и да е ептен откачена и да нѐ смее сите, и да биде емотивна и сочувствителна, и да критикува таму кај што е место за тоа Ептен си ми моја крвна група, ти ја обожавам смислата за хумор и директност Многу, многу си ми мила, ма премногу!
@Someonespecial Фала ти најмило виртуелно другарче ми го разубави денот со овој поздрав (и не, не се лигавам туку искрено кажувам ) Штом сме иста крвна група, еве повели кога ќе правиш пауза од учење, земи си колку сакаш од овие убавини
Поздрав до идната и минатата јас. Ти, што ме додржа на две нозе, кога скоро паднав, и ти која, се надевам, конечно отвори очи и погледна пред себе. Вие двете. Јас. Освести се. Парче душа, за моја душа. "Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме." (Славко Јаневски)
Поздрав цуцо и до тебе и среќни празници. Ретко се наоѓам во поздрави тука и многу ме изненади. Дека сум многу популарна дури страв им е да ме поздрават, мислат дека сум им недостижна Како и да е, Среќна Нова Година и Мори Кризма на сите
Денес ја пееја дечињата Вечниот Бог за Бадник,срцки ме израдуваа Вчера пак за Коледе кога се одеше за парички пак ме изненадија дечињата по 7-8 групи одеднаш дојдоа,а јас тамам си реков леле бе оти не идат и ете ги вчера со песната: Коледица меледица и по неа Василица еднаш ни е во година како цвеќе во градина Коледе бабо коледе дај ни едно костенче едното за мене другото за другарчето! И јас вака ко бев помала си одев си се радував на мразојте на снегојте се акав ама си се радував... За многу години нека ни е празникот,Среќен Божиќ! Поздрав до сите, ве сака simonna.a