Утрински најспецијален и најголем поздрав @Hipster Се израдував како мало дете Стани да испиеме заедно кафе, спремив едно да надокнадиме
Она се се менува ама hipster серии не престанува да гледа. И да јаде бурек онлајн за нив Добро е што има со кој да се дискутира
*се врзува со синџири* Се шалам. Ќе читкам, ќе си ја отварам душичката. Од време на време. Nice to see you here
Сакам да упатам еден специјален поздрав до: @MilaP - Спојлер мислам дека ти немам никогаш кажано дека кога те читам имам чувство дека си многу силна жена, колку и да не го сакам епитетов. Никогаш не тешам некого со силна си, ниту сакам некој да ми кажува дека сум силна. Едноставно не сакам да сум силна, тоа значи дека сум минала или минувам низ некој животен предизвик, а само јас знам како го минувам и никогаш за себе не можев да речам дека сум силна. Ама тоа навистина го мислам за тебе. Силна и храбра. Чинам, скоро со "леснотија" ги прифаќаш нештата, и секогаш со достоинство, со дигната глава, тоа го осеќам додека те читам. - @LivingGlam Спојлер Mојата форумска втора половина. Едноставно секогаш кога те читам, како себеси да се читам. Не, не мора да се согласувам со тебе 100 проценти во ставовите, размислувањата, ама тој "клик" во главата што го имаш, го разбирам и се пронаоѓам/е. Ја сфаќаш суштината на нештата, логички размислуваш, а сепак знаеш и како тоа да го примениш. Човек си, имаш осет и разумна сочувствителност. Би сакала некогаш со тебе кафе да пиеме. - @danichap Спојлер Првин, ти благодарам за поздравите, не сум заборавила, иако отпоздравувам пола година после Ти си ми поимот за сталоженоста. Кога те видов за модератор сфатив дека ти си на некој начин столб на овој форум. Токму со таа стабилност, сталоженост, смиреност. Уверена сум, а и преку твоите постови, дека и во животот токму со овие доблести знаеш да ги смириш брановите води, ми се допаѓа твоето смирено, разумно справување со предизвиците, ја поседуваш таа зрела прорачунатост (морам да го употребам овој збор иако на прв поглед зборов не изгледа баш пријатен, ама јас го мислам во позитивна конотација, затоа стои и она "зрела" пред него ) - @do-re-mi Спојлер Не се разбирам многу во постапката со прочистување и оценување на златото, ама знам дека има злато и има врхунско злато. Е ти си ми поимот на чистота, златна прочистеност, ментална префинетост, истанчан вкус, софистицираноста во се. Мислам дека си многу креативна, одмерена, а нежна до бескрај. И просто многу ми е жал што не те читам повеќе. Ама сепак тоа си ти, и кога напишеш нешто, секој збор ти сјае! Оти ти сјаеш преку нив! @Sesil Спојлер оддамна сакав да те поздравам иако те читав само во +-40 темата. Ама некако ми стана многу симпатична со твојата едноставност, решителност, директни ставови, смислата за хумор. Сметам дека си практична и јасна личност. Кога те читам едноставно тоа е тоа, црно-бело, или-или, и ми се допаѓаат конкретни луѓе и карактери како тебе. Имајте убава, релаксирачка вечер
@lunicka @danichap Се надевам вашата НГ желба за мене ќе се исполни до крај Често мислам на васНедостигате..