Ти благодарам многу Специ поздрав до тебе и до останатите две дами. Имајте убав и пријатен остаток од денот.
Ќе частам шо сакаш Спец!! Некој ден ќе излеземе, ко ќе бидеш расположена.. а и јас Ама мисла ми е.. не глеам нов трофеј?? Да се загрижам ли??
Секој ден ми текнува на по некое членче што сакам да го поздравам и секој пат заборавам, затоа овој пат ќе ги спомнам сите што ми оставиле некаков впечаток до сега Да ја поздравам најпрво @makedonkamak што беше тука за мене во период кога исчекував синко да дојде на свет и да и заблагодарам за целата поддршка, не сум заборавила Потоа @Rama и @Dust за претрпените бродоломи низ животот, храброста и позитивната мисла покрај се. Тука се и @Yowannty и @prominent што кога ги читам со какви чувства ги опишуваат своите љубови, среќна сум што принцезите од приказните сепак постојат @JollyGirl и @Gosh затоа што на секој ваш саркастичен и добро филуван пост се смеам до солзи, исто и една од поновите членки @WildMk секоја чест за добронамерните совети и искреноста без влакна на јазик за секоја една тема! И @Someonespecial за креативниот ум и бескрајната инспирација. Да не ги заборавам и @Petar80 @Роберт 7 и @BoyL си знаат они зошто Како на одјавна шпица на тв програма беше постов ама морав ,ве мислев
Во секое време, мила @winter flower и за се , јас сум тука. Дај Боже и за друго бебче, поддршка до максимум. Ти, си храбра жена, а твојот убавец е дечко сега. Да е жив и здрав и мама да си ја радува секој ден Поздрав и од мене до тебе