Некако не ми беше исто на форумов без позитивната енергија на @Someonespecial. Беше една од најпрвите феминки со кои почнав да комуницирам и најмногу ја читав на почетокот, по тоа ги памтам првите месеци на форумов, супер ми беше. Најмалку Специ заслужи да биде банирана, ниту еднаш не сум прочитала навреди од нејзина страна, ама ајде. Те снема наеднаш, се чудев што е работата, ама прочитав за банот. Веројатно поединци беа среќни неколку дена, нека им е. Инаку, само да ти честитам и да ти посакам многу среќа, љубов и милијарда пеперутки во стомакот, со мерак те читам во Што би му кажале.
Специјален поздрав до сите кои кога прават нешто е океј, ама кога не ги вклучва нив или го прават истото нешто личности кои не ги сакаат - не е веќе океј. Еве за релаксирање:
Да си ја поздравам @Rama . Ти си душа од човек. Ти посакувам да бидеш вистински среќна и насмеана, секој ден, заслужуваш.
@Anabelle.Amorette Те гушкам,се што кажа за мене и јас го мислам истото за тебе @Someonespecial Не сум во тек што се случувало,ама мило ми е што се врати назад и ти и @Vitaly и ве молам игнорирајте се,за ваше добро @Someonespecial не знаеш колку само ми е мило за постовите во Што би му кажале ти ја посакувам цела среќа
Ти благодарам многу на убавите зборови. Ти благодарам бидејќи секогаш си тука за разговор и што ми помагаш . Поздрав и имај пријатен и убав ден. Поздрав и до повратниците на форумот. @Someonespecial искрено се надевам дека нема повторно да се соочуваш со ова. Затоа уживај во разговорите со оние кои те прават среќна и да се чувствуваш убаво.
Коинциденција. Се дружев денес со еден мал и меден дечко речиси колку твојот, па ми текна на тебе и те помислив. Бирај, таман за со коктелов.
одамна не сум поздравила никого... @wannaBeMomma враќај се од кај Турците оти скренав без тебе @simonka93 , @filip4 i @John Snow за изминативе денови ..секој од нив посебно си знае зошто Фала другари @Sawyer шо ќе ме трпи наредните недели додека не добијам тоа шо сакам и @BoyL ..за најубавата дружба изминативе месеци...како кажа еднаш..да те барав низ светов немаше да те најдам..ни јас тебе