Скроз. Пробувам да не ја spam-aм темата за парфеми, ама... И земај го Том Фордот ако можеш, ич не се мисли. Ќе мирисаш најубаво на свет.
Ооо ме изненади со поздравот На што се должи? Поздрави до тебе и до другите поздравени феминки бидете секогаш насмеани
До @Someonespecial И науката и уметноста претставуваат само различни обиди на човекот да го разбере и пронајде своето место во универумот, колку и да е истото безначајно. Додека научниците применуваат методи како што се експерименти и пресметки, уметниците користат платно и бои. И бидејќи човекот според својата природа претставува социјално суштество, научникот секогаш ќе сака да ја претстави и објасни својата научна теорија, а уметникот секогаш ќе сака да го покаже своето ново уметничко дело. Иако ова можеби звучи како две сосема различни методологии, сепак мотивите и целите кои се сакаат да се постигнат во принцип се идентични. Дали некој смета дека науката и уметноста преставуваат едно исто нешто или не, тоа не е ни толку важно бидејќи и двете се ретки апекти преку кои човекот успева да ги избледе линиите меѓу реалното и лажното. Без разлика дали научникот го набљудува ноќното небо преку телескоп, или уметникот ги насликува ѕвездите на црно обоеното платно, стремежот да се даде одговор на прашањето "Зошто сум овде?" и понатаму останува врежан во нашите ограничени умови...
Fala na pozdravot . Pozdrav i do tebe i na zdravje kafeto. Pokraj tolku dobar pogled kako da odbivam kafe nema sansi hh