И тука да ја означам и поздравам @XstrongerX Памтам порано (во наивните први, малолетни години на форумов ) ми беше премногу отворена и без влакна за јазик за некои работи, дури незгодно ме фаќаше кога ја читав Ама од сегашен позрел и либерален аспект, скроз те поштувам и разбирам со новиве постови, па баш ми е мило што пак си тука. Cheers to that!
Леле, си запамтила Кога и да те видам на пивово ме потсеќаш. Јас би од сите, ама плавото ваљда на ладново најмногу ќе иде, а?
Ти благодарам на убавите зборови и желби драга @Purplelilac и ти посакувам во новата година да ти се оствари сето што ти го посакува срцето
Океј, јас тебе Chimay blue уз чоколадо, ти мене најдобар комплимент ever, мислам заеби злато, сонце, или остали невротипични комплименти, е ова се бараше.
@Shelea да имаме повеќе личности како тебе што со збор ја хранат душата и со неизмерна добрина ги хранат заборавените од сите
До @cresa-jagoda . Зрачиш, Црешке. Заљубеноста си го прави своето. Ајде нареднава година да прочитаме дека срамежливата шкорпија успеала да го освои ракчето што не попушта така лесно. Сакаме среќен продолжеток. Секогаш да си вака среќна и позитивна.
Специјален поздрав до @WildMk . Бев порано тука член но заборавив пасс, а си го пратев и оттогаш форумот, така да те знам... многу ми си океј, особа што може се да ти каже но дозволува и се да и кажат. Различни сме во некои работи, но јас сакам разлики, учам и од сличните и од различните, чему карање, лутење и такви глупости? Продолжи да си тоа што си, чисто едно “имај убав ден“ од мене, поздрав!
Би испратил еден СП до сите на форумов, да им посакам среќна нова година, убави и исполнети празници, за тие што чмаат у администрација, среќен екстра ден неработен , убавоооо да си помините, би посакал да ве служи здравјето, тоа пред све, пари, секс, љубов, повеќе килограми добиени од 7ца и чоколади, повеќе трачарење и карање на форумов како и повеќе банови и бришења на теми во новата година.
Сакам на сите да ви посакам убаво да си поминете вечерва за тие кои што ќе прославуваат и тие што нема да прославуваат и внимавајте и полека со алкохолот. Со мерка и со усул што би рекле старите. За тие кои вечерва се на своите работни места ви посакувам што помалку време во иднина овој период од годината да го поминувате на своите работни места. Би ви посакал повеќе време во иднина да поминувате со своите најблиски. Бидејќи тоа е најважно да бидете во друштво на луѓето кои ви значат. На сите ви посакувам безбедно враќање дома и доколку сте со автомобил возете внимателно. Да сте ми живи и здрави . ПС: Со дел од речениците се чувствувам како овие од АМСМ и од токсикологија .
@AnnabelLee Добре дојде назад,и немој веќе да не напушташ @rolulika Тебе те читам периодов и ми се допаѓаат твоите ставови,знам дека тука си понова,па добредојде Среќна Нова Година на сите дечки,Ви посакувам само здравје,љубов и среќа,да си поминете најубаво каде и да сте