До едно мило девојче кое на форумов ми го топли срцето и душата @cresa-jagoda и уште една дама @zalosna
@Rama многу добро знам како е кога очајот ја обвива секоја позитивна клетка во телото а среќата е привилегија на другите ..Но исто така многу добро го познавам и оној одблесок кој ни ја крева главата над вода..Тој одблесок го поседуваш и ти Фала ти за поддршката и убавите зборови
Ти благодарам многу на поздравот. Поздрав и до тебе. Иако не е од 187 Strassenbande сепак ми е една од омилените. Имај добра и мирна ноќ.
Затоа што има интересни и релаксирачки теми, за кои е штета да стагнираат. Тие секако се отворени, за да бидат посетувани и коментирани, во спротивно не би постоеле тука. Не гледам ништо погрешно... Ти благодарам за поздравот.
Изгледа погрешно ме сфати Те поздравив баш бидејќи ми се допаѓа тоа што активираш и постари теми. Пишав СП до тебе ,,зашто"... не пишав ,,зошто" па ти да ми се правдаш