СП до @CameliaMiller, ја зачитав некаде и гледам користи кратенка мим - ваљда за вереникот (ко права неонка уште не ми текнува што точно би значела ), ама јас упорно ја читам како англиското meme
@Dust Те молам не постирај веќе во фемина инстаграм, секое отворање таму лиги ми течат од твоите јадења ама навистина, секоја чест жено Плус сервирано со црвено винце, мх мх, бај да веј и јас пијам црвено вино, на кој му е гајле што е лето
До @WildMk која секогаш дава директни и искрени одговори. Иако не те знам лично, сметам дека си многу паметна жена. По зачленувањето на форумот, ти ми привлече најголемо внимание со тоа што отворено зборуваш и алармираш за психичките проблеми.
@Nikita7 , специјален до тебе. Незнам зошто, кога ќе ја чујам од Лозано ,,Километри,, постојано на тебе ми текнува. Бидејќи во моментот ја слушам, да те поздравам.
@NarCis@, ме изненади во темата за имиња Мислев дека само мене ми е љубов. Ти посакувам убав ден и пријатен викенд