Ретко поздравувам онака, али сега планирам да си напрам масовно поздравување како шо прам понекогаш за да знајте дека не ве заборавам, напротив. Се сеќавам еднаш Бендер рече дека уствари роуст сесија било моето поздравување, така да ќе гледам да биди во тој дух иако сакам да бидам малку нежна зошто мислам дека одамна ја немам покажано та страна. И пошто на сите сакам да ви стигни нотификација во текот на денот ќе ве означвам пет по пет, фатени за рачиња како весели првачиња. И кога го спомнав Бендер, да почнам со секцијата: никогаш непреболени. @Bender Rodriguez & @Nigredo Odor Ќе речат глупо е да ти фали онлајн лик али имаше нешто во вас. Следно, секогаш велам, во мои очи сестри, сакам да ги поздравам @Rama & @cresa-jagoda зошто се секогаш смирени, добри и мили и имат ист аватар. Не знам дали имате ист вкус за жени ама женската шо ви е на профил или бар ви беше, шо ја памтам јас, мене ми личи иста. Искрено немам забележано дали имате сменато аватари и комотно смејте ми се ако се избламирав себеси хехехе. Али една слатка од турска серија со кратка коса. За неа зборам. Ретко поздравувам во парови али еве ова мислење така почна. И ќе го завршам со @Nausicaa зошто зимава беше од оние пораки шо ги добив и шо направија да се осетам дека не сум сама, и само прегратки и позитивни зборови за поддршката, нели. Не е толку ладно за да е време за греено вино, али јас извајв веќе есенските пижами така да е време за греен алкохол. Вие како сакате.
Ова мислење ќе го отворам со @Biljarkata зошто во последно се осеќам како сегде да те има. Ова нормално позитивно. Поќе те забележвам, поќе забележвам колку и до каде се согласуваме и онака ко ќе видам дека ми лајкаш нешто онака по малку се радвам оти и јас те забележвам. Прај смисла? И ќе продолжам со @WildMk се думав кога се врати да ти поздравам некако и генерално темава заборавам дека постои и затоа вака. Како и да е, добредојде, со закаснување, те поздравувам оти некогаш се осеќам како да те гонам во темите пошто колку и да сме на иста страна - се одбиваме. No bad blood, напротив. Специјален поздрав до @DAngel жената шо ме „уништи“ и снабдува со материјали за читање и мислење. Поштовам до безкрај. Али ти то веќе го знајш ама сепак вака јавно да се излижам. Тука ќе ја спомнам и Кејти, поздрав @KateKane абе каци ти. Онака ко ќе видам дека имаш негде пишано прицкам пошто ти си од оние со кои се согласувам али нештото подобро го фразираш него шо јас некогаш би и сум као „ќе лајкнам за сите да знат дека мислам вака, а не онај нонсенс шо го пишав“. И за крај @brazilia, се шо имам да кажам е ... И најдов друга уба слика со греено вино, па и за вас, греено вино.
Иако за сегде ме одбива и откачва, јас уште ја сакам, ladies and gentlemen - @simonna.a Ај речи дека ќе ми речиш „да“ за барем едно нешто месецов да знам да се осеќам комотно да те прашам. Плс. Те преколнувам. Нема да е нешто страшно као „ајде да излезиме со друштво“ ќе биди као „ајде да прошетаме низ град“ или „ајде да пиеме кафе“ или „АЈДЕ ДА ИЗЛЕЗИМЕ ДВА ПАТИ ВО ДЕНОТ“. Како се класифицира последното? Следно, специјален поздрав за @Vitaly и веќе еднаш споменав дека сакам да знајш какво мислење имам за тебе. Чоек со кој имам скроз спротивни ставови ама пак некако океј ни оди муабет низ темиве. Ајде пак ќе речам, до следната тема пак да се сретниме. Специјален позрав до @Yipman2 пошто до сега нема ни еден 8 Март пропуштено и онака е толку мал ама силен знак на внимание. Дали да ја клам Симона со сите мажи во ова мислење? @x.Daisy.x кратко кажано, е синка. Мислам дека „синка“ објаснува многу. И ова ќе го завршам со @prominent остани позитивна! За вас нема греено вино. Има нешто пошарено. Алкохолно, безалкохолно, изборот е ваш.
@RoseRain & @GirlRose поздрав! Додуша не знам оти едната од вас е поздравена кога не ми враќа на порака. Али нека ти биди. Како и да е, имаше период кога ве мешав вас двете, али ве мешав и со една трета. Простете. Сега не ве мешам. Си викам. Не знам. Испитајте ме. Во последно ретко отворам ФМЌ, шо некогаш порано ми беше дома, али одамна немам волја ни пак желба да зборам за себе од поќе причини. Ама, кога и да отворам има одредени мислења кои онака ме ... топлат. А, тоа се мислењата на @Bitter-Sweet. Шириш некаков мир и спокој и кога те читам го осеќам. Кога веќе споменав ФМЌ, @Dream-Girl специјален поздрав и до мене! Скроз сфаќам низ каков период во животот си, со факс и се и само ти посакувам среќа дур гледам од страна зошто за малку не се судривме да сме во ист период. И кога ќе завршиш ќе се свртиш назад и ќе речиш „дали за ова се нервирав?“ Ова ти го гарантирам оти како се присеќавам, само ми иди сама да се шамарам. Вистина факултетскиот живот е еден од најбавите периоди, барем во мое искуство, користи го максимално. Се шо ќе ти падни на памет и имаш шанса да напрајш - напрај! И последниот поздрав за вечерва оди кај @1992g читнав дека нешто се случило со кучето и ми падна лошо пошто мислам дека нема чоек кој не го сакаше. Држи се и добредојде назад, долго те немаше шо те најде? П.С. Уште ти сум лута али то не ме спречва да те поздравам. То дека зборам со некој и го поздравувам и се прам ко ништо да не е, то не значи дека не сум злопамтило и ти дека веројатно заборај за шо ти зборам, ама јас не заборајв. Хинт: никој не ме напушта без „чао“. Имам проблеми со самодовербата. И пошто ме примрзва и е редно да си легнам, иако реалноста е дека уште два сати ќе скролам на телефон, вас ве оставам со кафе, за ко ќе станите да има со шо да се напоите и расоните па ќе продолжам со поздрави сабајле, не мислете дека заборајв некој и тука завршив. Впрочем, никој пијалок не можи да победи добро кафе. Реално, вие имате предност пред другите кои ги поздравив оти за вас ми текна кафе, за нив топлено вино. Као топлено вино е океј ама ... кафе е кафе.
Специјален поздрав до @CameliaMiller секогаш достојна на себе и ако имам нешто шо памтам за тебе е дека ист муабет имаме два пати терано во пораки. @Someonespecial едно време скроз те снема ама колку- толку тука си во последно. Не колку шо би сакале али тука си. Неопислива енергија. Дали то јас почнав во енергии да вервам? Не ме карај. Едни од најспецијалните поздрави до @Purplelilac пошто за да имаш sass а да не излези bitchy мораш да имаш харизма. Ти имаш. @Sejfullai те немам одамна сретнато, надежно ќе се начекаме пак деновиве во чатот пошто реално таму се наоѓаме. Како си? И за крај тука, специјален поздрав за @Lella пошто си млада надежна девојка од која можи многу да се научи и тука мислам дека сите пораснавме заедно и иако некои постари, други помали мислам дека секогаш сите учевме од тебе. Жими се не се збогувам иако така звучи. Разнежнета сум. Не знам оти. Се думав со шо ми се почнува утрото, а одговорот е Корн-- ова пиво. Наздравје. Живели.
Одамна се немаме нигде сретнато со @bicycle ама то не значи дека те имам забораено. Се надевам ни ти мене ме немаш забораено. Необично мила девојка и сега ми текнува дека си во спорт и можда требаше да те означам со симона онака да ве спарам зошто како шо ги пишам овие зошто пишав „пет по пет, фатени за рачиња како весели првачиња“ и замислувам како тим да сте и морам да бидам искрена дека потсвесно комбинирам. Најспецијален поздрав до стројникот мој @Billy Idol во кој уствари гледам виртуелен пријател и искрено кога прв пат те забележав не мислев дека ќе ми се бендисаш за другар. Мислев дека премногу филоваш ФМЌ и дека е annoying af дека сите паѓаат на газ за приказните и онака скролав мислења дур вртев очи Ох Билјано, Билјано. Уште ми немаш симпатија најдено. Ок. Биди таков. Друг чоек со кој не мислев дека некогаш ќе ми тргни муабет е @Briar Rose пошто ако Билјана горе ме иритираше, Брајар само ми стоеше како нереална и не можев да се поврзам со голем дел од искуствата зошто често поврзувањата со некој одат по линија заеднички искуства. Ама сега сум среќна да знам дека Брајар сака розово и мислам дека поќе розовата не ја викам розова туку ја викам Брајар. Кога ќе менваме името на розовата и официјално? Јас мислам редно е. Never change. Од една мајка, кон друга мајка, кога збораме со пасија за животните имам чувство дека само мене и тебе не интересира, @nextredstyle @John Snow шо знај се за секој, таинствен ама пак сепак друштвен. Ѕвезда во секој тема кај шо ќе оди сем политика. Шо прај во политика Ионатан? Остави девојчињата нека плукаат по кој сакат. И за вас тематски пијалок по периодов.
Какво пријатно изненадување @theowndemon ! Ти благодарам премногу, специјален поздрав и до тебе. Немаш поим колку сум среќна што имам запознаено прекрасна личност како тебе. Твоите зборови навистина многу ми значат...
За турската актерка Tuba Büyüküstün збориш Сменети ни се аватарите @Rama има аватар од серијата Кара Севда како и да се викаше парот од серијата и е сега на аватар Мене моментално ми е Јилдиз од Забрането јаболко Инаку пред овој аватар имав друг рандом женска некоја, е пред нејзе имав од таа Tuba Büyüküstün аватар Одамна не си ни ги видела аватарите Туку кога видов во нотификации дека си ме тагнала, многу не прочитав име, аватарчето го видов и ме асоцираше на @Ketchup и читам читам и кога стигнав до ова реков што направил Кечо од кога почна да биде женско после отидов да видам ник, кога гледам ти си била Инаку многу ми значи проценката дека сме смирени, добри и мили Си нè погодила Имај убав викенд
Да знаеш, ќе почнам да ти спремам епитаф, филован, ама ветувам пократок ќе е од постовите во ФМЌ. Оти ја овака отворам душа само пред умирање кога сум. Поздрав бек @minne992 прочитав некаде дека си во блажена состојба. Па ти посакувам убави денови и лесно носење на свет на најмилото.
Ти благодарам душо ајде од денес во 9-ти влегуваме со бебче , се чувствувам како тркало ама ќе помине потоа ќе се гушкаме со бебуш .. Ајде па и на твоја глава ( кога ќе бидеш спремна де ) . Гушки до тебе , и се надевам расположението ти е подобро сега
Маалска алапача. Gets one to know one, зато ни оди муабетот. Ок мајтап на страна, вистина знај многу работи ама не пушта јазик, добар е. Колку и да менвате аватари јас таа женЦката најмногу ќе ја памтам. Ама реално ептен лична девојка е навистина. Не можиш да знајш. Можи конечно се помирив со смртноста. Ок, не прам веќе суисајд џоукс да не види другар ми од негде ќе ми закажи на психијатар. Пошто спомнат е Кечо до сега, почнувам овај пат од него, специјален поздрав до @Ketchup ако лани го поздравував пошто ме толерираше кога пишев по 10 мислења во темата Симс и мораше да ми ги спојва, сега нека ми ги прости сите веган мемиња шо стигаат до него. @candy.cane е една од најмилите личности со кои сум имала шанса да зборувам. А, дали знајте дека уствари испадна дека со @pdb123 се знајме? Нема врска како али да ви речам, пазете шо зборате али гледајте кога ќе се најдите со некој вака рандом да имате заедничка бивша другарка. Да не живеев кај шо живеам, да имав можност за матични ќе си ги пишев @MagsDestiny & @Peperutce1115 па колку шо ме имаат двете трпено со паникиви мои, па то чудо некое. Додуша и не паничам толку многу како други, али сепак. Фала. Реално најфенси коктел за вас.
Не знам дали имам кажано, ама мене @Scott Weiland не ме сака. И сега и јас не го сакам. Го поздравувам само оти е супер чоек, ама не не не никако, не го сакам. Ију *одредена националност и држава тука* за да ме неќи, па вметни тука демон роуст за да го неќам. Али не, не сме токсични. Најспецијален поздрав до @Oxymoron уствари, дали тебе те има во последно на форумот? Ако не врати се жено оти не те гледам. Да не треба и тебе да те ставам во категоријата никогаш непрежалени. Кога ми текнува на @Fauhxy ми текнува на неколку работи. Најголема колекција играчки. Бдсм. Не прашвајте шо збораме. Ама сепак, во Фокси има многу поќе муабет од секс. То шо секс е најинтересна тема е друга работа. О не, кажав no- no word. @IM.TMKQ дали ќе ми верваш дека никогаш не запамтив како ти се буквите во името? Пред да те викам поинаку , те викав ИМљојфсмлвс Ама сепак, гледам пасија во тебе, жарче. Користи го. И ова мислење ќе го затворам со @sweet-cherry колешка и другарка шо се надевам дека некој ден ќе ја запознам. Само да те потсетам, имаше шанси да учиме заедно. НО ... ТОА НЕ Е СЕ! Сакам да поздравам и 6ти член, али не баш член оти е баниран па посекако нема да стигни известување. Па ако е вратена со дупли профил, лајкни. @Sahlene ми ги разубавуваше деновите на фемина дур дешифрирав шо сака да кажи авторот. Али кога ќе сфатев ... е тогаш се осеќав супериорно.