Од време на време сум тука димнке, и лик како тебе толку позитивен и одлепен и интересен за читање не се заборава. Поздрав бек.
Поздрав назад @theowndemon Обострано е ова за енергиите, твојата е неспоредлива и најпозитивна Се одвикнав од форумско пишување, ама те следам со блогот, продолжи така
@theowndemon фала за поздравот Сите поздрави се типични за тебе како личност која е една од најкреативните на форумов. Кога веќе си се потрудила сите да нè поздравиш и да нè насмееш мислам дека треба да одвојам некој збор за тебе Всушност, не може да те опише некој со неколку збора, потребен е цел реферат, но ќе го издвојам најважното. Првата асоцијација за тебе ми е најмајка, секогаш грижлива и заштитнички настроена кон своите деца. Потоа следува креативноста која ја прикажуваш преку цртежите и храната, издржаните мислења на форумов и секако твојот откачен хумор. А да, ќе го заборавев најважното нешто на што ме асоцираш, а тоа е виолината. Мислам дека не постои личност на форумов која не знае за твојата љубов Тоа е сè што имам да кажам во кратки црти за тебе. Личност која ми има оставено голем позитивен впечаток
Ааахаха Цец е јако! Една членка низ темиве ми имаше пишано дека претпоставува Цветанка дека се викам Мислам @GirlRose беше, таман успат да ја поздравам. Awww баш сум изненадена и така се подзацрвенев малце Фала ти на убавите зборови Мило ми е што доаѓаат од тебе, зошто те забележав меѓу првите членки на форумот
Сесре тебе никој не може и не смее да те напушти та да се осеќаш така, уживај, дојде Корона ја исчезнав запиши ја Короната крива. Знаеш дека негде постои некој друг што ви е лут што исчезнавте? И то толку лут што последно кога го видов на кафе само за то збореше, ја мислев со доза сакразам он сериозен да ти бил. Поздрав и до тебе и до екипата стара од интровертско ќоше. Туку, нешто не те читам таму често?
@1992g аха аха као демек и некој др лут. Јас за тебе кажав. Нема да сум помалку лута на тебе. Ќе пишам денојве и таму ако не, не ми се збора за себе и зато вака по други теми се влечкам.
Фала ти мила , се најдобро да ти се враќа . Гураме ние уште малку , од денес официјално во 9-ти влеговме , сега чекаме од бебето изненадување , или ќе ме стегнат болки во ниедно време или пак со провокација како и до сега .. Малку ме фаќа паника што и како ќе биде , особено затоа што имав лошо искуство со ќерката ( затоа го сменив докторот што ќе ме породува , се надевам полесно ќе поминам со него) . Сте виделе ли некој да оди на породување од кај мајка ? Епа јас од кај мајка ми заминувам на породување . Шта чеш , вонредна состојба е .
Стварно? Мило ми е што сум оставила таков впечаток. Последниве денови во приватен живот ми е хаос и ми е така тешко, што дури ова ме расплака.
Ненормално мал свет, никогаш немаше да претпоставам дека ќе биде вака . Фала ти многу за поздравот, поздравче до тебе и твојата непредвидливост. Никогаш не знае човек кога ќе го изненадиш .
Најспецијален поздрав до мама @Alishan30 и до принцезата Нека ви е здрава и жива ќеркичката, да има најубава среќа во животот, да биде секогаш позитивна, успешна, сакана и секоја желба нека и биде реалност, а вие бидете горди родители Уживајте во најпрекрасните моменти во животот и имајте што повеќе мирни ноќи Многу се израдував за оваа прекрасна и радосна вест
Сп до @Nigredo Odor . Абе кај си ти, цело лето неинтересно без тебе, таман се спремав да се пензионирам јер досада Ај, welcome back
@Biljarkata Јок велком. Бркајте ме од форумов. Инаку, ви благодарам на сите за поздравите дечки, ретко ве читам али избегнувам да пишувам зошто стварно периодов имам тон обврски, а башка и не ми е нешто забавен форумот како некад веројатно пошо ги исцрпивме сите теми на муабет? Не знам, стварно. Достапна сум за пораки (вајда?). Така да кога сте расположени пишете, ќе вратам.