СП до @Mrs.Right омиленото мрчаторче еве и еклерче мислам дека сакаш еклери нз дали те имам негде прочитано али кој не сака па..
Специјален поздрав до @Vikktorr . Во другите теми ако го кажам ова би бил оф-топик па ќе искористам покрај поздравот да те пофалам.. Секоја чест за коментарите на форумот, од правописен аспект, не знам што си по професија ама баш убаво ти се скоцкани мислењата. Друго некои ти се премногу на поетско/високо ниво, некогаш треба два-три пати да ги прочитам за да разберам што сакаш да кажеш и се прашувам "Јас сум толку глуп или ова е намерно така напишано". И прво ќе те исхејтав поради твоите мислења во сдк дека премногу АИ мислења има на форумот и отворив едно од 2022 и гледам дека и тогаш на идентичен начин ти се пишувани, без грешки.
Фала ти. Ми значи...Јас сум поодамна тука, но не секогаш видлив. Затоа не сум ти „познат“. И потоа, бев отсутен. Забавно ми е што некои помлади луѓе ме гледаат како AI. Прашање на естетика на изразување и мислење е. Ако некој се изразува како секогаш да е по тренерки, јас сакам да се изразувам како да сум во костум. Затоа и мојата профилна слика е таква. Значи, моето вакво изразување е намерно. И ова не може да се „фалсификува“ од AI. AI учи од огромен број стереотипни однесувања, статистички - индививидуалноста секогаш ќе биде проблем да се реплицира. Добар е како слуга, добар е како алатка, ама лош е како господар, не може да ја замени личноста. Еве совет до помладите. Не си глуп, никој не е глуп според мене... Ако нешто не е јасно слободно може да ме прашаш ти, или кој било, ќе разглобиме и поедноставно и од разни аспекти.Тоа отсекогаш ми било предизвик, да се прилагодам кон соговорниците...Замислувам еден форум како размена на мислења, колку и тие да се различни или апсурдни, или место каде некој ќе добие добар совет што ќе има практично значење за него. Отворен сум и за хајтање, знам многу трикови, не сум од вчера За жал, за ова сѐ поретко имам време и не го сметам за нешто конструктивно. Додека се докажувам со некого, можам со некој друг да искомуницирам во инбокс, или да изразам мислење...Ми пречи кога се оди во крајност во таа насока и форумот се претвора во хејтање, надмудрување, инаетење, истресување поради тоа што некој имал лош ден...Но, не мора цело време да сме сериозни сигурно. . Фала ти уште еднаш за комплиментот, поздравот, и уживај во дружењето на форумов.