НАЈГОЛЕМ поздрав до blueeparadise - и голема благодарност за анализата во која навистина се’ погоди! Многу ми е мило што сум оставила добар впечаток! Go-Girl - мојата можна комшивка! Ми го одзема здивот со анализата, ДЕВОЈЧЕВО ДЕФИНИТИВНО МЕ ЗНАЕ! Најголемо фала за двете! Бацки и гушки!
сп до оние кои не уживаат во нивните кревети денес туку се на работа или имаат некакви состаноци цел ден
Специјален поздрав до сите спозноруши на фејсбук со нивните напрчени муциња и испеглани слики за кои ја имам точната песна http://www.youtube.com/watch?v=DfyeCxAg_Rk Necu da sam napicena kao druge sve necu silikone, guzicu od plastike necu usne kao da sam pavijanu rod necu da te volim zato sto si pun k'o brod
СП до феминките кои ја прават темата Анализи на членови од форумот пријатна за читање. Последните неколку страни се исполнети со преубави и искрени анализи, како да се пријателки целиот свој живот Преку овие анализи ми помагате да си створам поблиска слика за девојките со кои што комуницирам виртуелно.....(и за да биде јасно не барам индиректно анализа преку мислењево, ако добијам анализа во иднина сакам некоја феминка вистински да биде инспирирана за истата ) Посебно ми се допадна делот каде што Пирамитка кажува дека некогаш проценуваме врз основа на аватарите (погрешно) Ете толку, поздравот е завршен
Денес сакам специјално да ги поздравам....Дафнииии ,Гоу ,Хајди ди Велт ,Јарец6 ,Анастасија...Леа ,Кенди ,Сесилија и нормално сестрите ми И ви испраќам...мноооооогу гушки,онака без причина
^ поздрав и до тебе Џули многу ми беше интересно дека до моето име си го ставила смајлито што се тркала од смеење Успат ги поздравувам сите што имаат за учење периодов и си го поздравувам симпатијата
Сдк поздравче до СкајЕнџал кое нема ич апетит од сабајле И до Џули дадиче мое се заборавивме јас и ти не чини тоа ќе се каруцкаме ај ај аа и да не ги заборавам штумфчето и Ема.Ск обожавам да ги читкам
поздрав до сите кои чекаат име денес,честити водици на сите христијани православни,и сите кои денес се фрла во осветените македонски води.
Девојки ви благодарам што ми станавте латентна но неминовна и силна поддршка во деновите кога немам време да живеам надвор од канцеларија и од дома... Ви благодарам што ми го правите весело и живо секојдневието и надоместувате за сето време поминато над книгите, ви благодарам што ме инспирирате и ми го заживувате оптеретениот мозок.. Во време на 8 саати работа, па 4 саати учење квалитетно надоместувате за времето што сакам да го поминам со моите пријатели во некое скопско кафуле... Ме фасцинирате со искреност животност асертивност оригиналност и решителност! Кај и да е ќе ги навлечам и другарките на форумов за да бреинстормуваме до недоглед... Ве поздравувам зошто сте тука! Џули..Пирамитка..Офи...Лилит..Трендафилка,Секси Лејди, Бокичка и Мис... Оскудно за сега... ама гореспоменативе се незаменливи! Поздрав и до моите најискрени... и (соодветно клише)- најВЕРНИ пријатели кои го трпат моето отсуство минативе две недели и сеуште ме сакаат како да сум покрај нив! Конечно го разбирам терминот ВЕРНИ! И, за крај... до Него... зошто „ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од неговото отуство“... во саатите кога сме разделени! Ви праќам љубов завиткана во целофан! целофан целофан или пола целофан...целофан целофан или целополафан...Епа.... Да.
^^Сполај ти мор Дафне вино црвено, моме убаво, дал ти е момчето заспало а? Како идеше песнана? Специјален поздрав до тебе сестро јарице. Ќе звучам како во амерички филм - oh honey! I love you too!, ама nevertheless и ти си незаменлива и носиш неповторлива свежост во феминскава котлина! Ме смееш, мор, ме смееш, секогаш! Биди така, не мењај ниедна молекула од твоето битие затоа што таква те сакаме! Ајде на ти еден каранфил и на тебе во проѕирен целофан
Dafne сакам и јас тебе да те поздравам. Значи да знаеш - обожавам да те читам. Сите мислења ти се убави и интересни!
СП до сите Охриѓани кои наместо за Водици да си бидат Охрид нацртани на обала уште од 8 и да пијат топла ракија, седеа во тесните скопски станчиња при-бидејќи-затоа-што имаат испити