До Марама. И до шмизливе од Џеј Би Ти хајскул! До драгите модераторки, до старите членови, до новите, до сите!
СП до BoaVista, како си ми ја погодила само бојата СП и до beached, интересничка ми си за читање, а има и многу нешто за кои се согласувам со тебе
Firequeen ај донт фил лајк а фиш & АЈ ХЕЈТ ЃОКО! Поздрав и до тебе А додека сум тука ќе ги поздравам и Ангелче, Скај, ФБИ и Лакримоса.
До Многу квалитетна девојка, оној тип на луѓе кои можат да направат муабет со секого, приземјена, воспитана, реална и вредна, и човечна. И многу ја почитувам и знаете ли која особина ја има , нешто што другите тешко го контаат на форумов? На нечие квалитетно мислење сум забележала дека го почитува, па макар претходно била во конфликт на некоја друга тема со истата особа. Не си зема при срце и не се заморува со секакви глупости. Браво девојко, ако некогаш се сретнеме на она место, ќе носам книга во чантата задолжително за да ти ја подарам, од срце.
СП до Шелеа, Трендафилка и Реинбоу. Девојки кои многу ги почитувам. Зашто? Едноставно, затоа што се тоа што се. Креативни, полни со инспирација и мотив и прекрасни. Зашто кога и да го отворам форумов се радувам на секоја нова песна на Шелеа и на Трендафилка, кои бездруго имаат таков талент за пишување. А Реинбоу.. Толку ме радува што има уште една девојка што ја цени добрата литература, заљубена е во книгите и со целото срце чека да дојде викенд или сеедно, месечната плата, за да се поднови со некоја нова книга. Продолжете така, верувам има и уште многу други форумџики што исто ве ценат .
специјален поздрав за сите кориснички на сајтот фемина,секоја со својот мал придонес го прави овој сајт полн со информации,совети,забава,и присетување на деновите поминати од нашето детство.кој го може тоа подобро од креативните ни наши македонки? п.с.respec for all of you!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Не ми се смеете еве ваков поздрав после емисијата Фармер која ја гледав ќе дадам,кој ќе се пронајде ако,кој не-здравје СП до тетовскиот грав СП до кочанскиот ориз СП до гевгелиските смокви и зелки СП до струмичките пиперки,краставички и патлиџани СП до неготинските и кавадаречките грозја и убавите нивни вина СП до ресенското јаболко СП до прилепскиот тутун иии не ми текнува уште некоја друга култура,без која неможеме да го замислеме животот....
СП до АнаТх.За рецептот со лажичките во комора за потечени очи. Спојлер Лежам јас така со две замрзнати лажици на очите и ме гледа мојата 5-годишна ќерќа и ми вика:,,Мамо лажици се за јадење не се за на глава,ти не си дете па да не знаеш дека со нив се јаде" .Ама рецептот помогна.
Мене моментално ми дојде желба многу да ја поздравам girl1985 Девојката некако ме привлекува со нешто, не знам со што. Ме потсеќа на мене во некои постови.
СП до сите заљубени феминки! СП до феминките кои ќе ја поминат неделнава досадна вечер со љубениот! СП до феминките кои едвај чекаат да се најдат во прегратка на љубениот! СП до феминките кои вечер ќе имаат страстен и див секс! Без нервози и секс во сите пози! СП до сите на кои им недостигав и ми недостигаа, и до феминките кои не ни приметија дека ме нема И најСП до Марамка, Пирамитка, Бројче, Мисче, Гоу, Џули, Бокичка, Мимс, Лудото, Оффи, Сеси!! Имајте убава неделна вечер исполнета со насмевка од 6ка до 6ка зачинета со позитивни мисли!
СП до Трендафилка и Блу кои ми го разубавија денот со своите поздрави и ме натераа да поцрвенам И СП до Гоу, Џули, Горде и Карак