СП до сите кои чувствуваат потреба да гушнат некого во моментот.. Јас ќе ве гушнам ВАС драги феминкии!
СП до Пирамитка и Бичд' и тоа ни помалку ни повеќе -туку со ...САФ. Мрдајте жени, заразно ритамче, уште малку полеано со алкохол и се е супер! Лајт луѓе, опуштеност во воздухот........аххх атмосфера годинама СП и до Ливинг, зашто е душа од девојка. Лепотица http://www.youtube.com/watch?v=hLQ6N41HUSk
Поуз бек, Хипи-грл... ме потсети на едни времиња со сличево... кога татко ми ке глумеше романтичар, ке и купеше на мама ружички, а јас после 2-3 дена и ги кубев ливчињата и ги ставав меѓу листови хартија... да се исушат за да сум китела споменар. Дебилче.
СП до Теодора. Мислам дека и се случува некоја неубава работа, и ставам лајкови затоа што ми се допаѓа причесто она што го пишува и како го пишува. Не затоа што ми се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа - каква и да е. Теодора, ако си таква каква што пишуваш дека си, тогаш ми е мило, што имаме уште една силна женска меѓу нас која не се плаши од ништо и никој, колку и да е тешко, колку и да е мачно!
До полуписмениот ми колега... Среќен роден ден (да, роденден е сега два збора, така да си знаете девојки)... Ѕврцките ќе ти ги извадам, магарешка глупава тиква, ајде сега не масирај, не замарај, фаќај од погледов мој - гитла.
Се придружувам на поздравот за Теодора...затоа што ја разбирам и затоа што знма дека е силна и своја...затоа што е во годините во кои е (тука потполно ја разбирам)...затоа што нејзините постови ги обожавам. Тука сме, со тебе сме!