Ах души тие, какви сте ми среќни и убави, ми доаѓа да си метнам орелски крилца и да ве бубнам Абе лек сте за мојот мамурен ден! Ме клоцате на убав начин и верувам дека и реално сте такви како чуството кое го оставате тука со вашите пишани зборови. Ливинг и Сеси, ве поздравувам! И ќе ја искористам приликава да ги поздравам Џули и Бокичка, девојки бе фалите! Па ајде кога веќе сум тргнала да упатам и уште еден специ поздрав до ФБИ и Боа Виста. Ау, шта је леп овај дан, сакале нејќеле јас стројнички во парови ве поздравив сите ама и колективно ги ширам рачињава и ве гушкам. Крц!
Пирамидке како што ме смееш ти, никој не може, ја сакам твојата спонтаност и несмасност Ти си мојот личен мотиватор, ти ги сфаќаш моите шеги, ти си мојата друга половина (надградена и проширена де ) И ајде доста љубов ти изјавив си знаеш И Ливинг и Анатх, две прекрасни Охриѓанки кои го побиваат правилото дека Охриѓани се лоши , абе би сакала секој ден да одам на заболекар ако Ана ми е заболекарка и да одам на Јога или во парфимерија ако е таму Ливинг Сакам да ја поздравам и Лилит, која е чудна како некое ориентално јадење, ама сепак е вкусна кога ќе се навикнеш на јакиот вкус Абе сакам да ја поздравам и прекраснотијата Дафни, ја нема нешто да мава боксови по форумот И го поздравувам Мистери, опасен е тој, на сите девојки им дава по некој убав збор, ја научил финтата, барем ќе си има еден куп пријателки Леле бе еден куп луѓе поздравив ама не можам а да не ги поздравам ФБИ, Спаркс, Старфиш, Бројче и новата мамичка Ј.Ивановска Фала ви што сте тука на форумов Group hug?
^^ Group hug back! Подготвувајте се деновиве, ќе има од мене некој долгометражен список на *специјални поздрави*, ама што да се прави девојки, повеќето од вас ми се фини, мили, паметни и интересни ликови
сп до MOLIVCE некако многу е осамен, изгледа никој не му се јавува сака да стекне нови пријателки, и да си разговара човекот! Aко има заинтересирени слободно нека му се јават, дечково е толку љубезен, па дури и бројче ви оставил цел ден се смеам на неговиот потпис ко улава
Сите што имаат долга и толку густа коса што и покрај целосно испразнети 80 литри не се сигурни дека го доотстраниле шампонот и регенераторот целосно. И до оние што скоро секогаш забораваат да ја нанесат пената за коса во правиот момент.
СП за girl1985, која се потруди и ни напиша споредба за парфемите од La Rive, со оргиналните парфеми на кои се копии.
Поздрав до Мерлинка денес недостига на форумов СП до Срцекршачка СП до Битер грл СП и до Марли за прекрсниот аватар СП до Бројче СП до Росоњерка, ФБИ и Лудото Уф доста за денес
СП до сите кои за (не)среќа викендов се дружеле со математиката! Кој ја сфаќа - голема работа завршил, ама кој не... мачно е.
Аааа, навистина?! Фала ти Грл многуу, многу, многу. Сега ќе ја отворам темата да видам. Во меѓувреме, имаш и едно гоолемо поздравче и од мене. Немој да мислиш само заради парфемите
^ Јас секогаш почнував со „ЕДНА ден...“ и наставничката ме караше. А најдобриот состав кој го имам прочитано е на братучед ми: „Есен дојде, слана падна.“ Феноменално. СП и до тебе Ким.
Вие сте супер, јас почнував- есен, четири букви извезени со жолти лисја, и така ми се менуваше во зависност од темата, пример мајка 5 букви полни со љубов Јас ги поздравувам сите кои не знаат што да јадат а се гладни
СП до Лилит. Лилиииит вер ар ју? Ме остави сама да се снаоѓам,а? Не иде, не, знаев јас дека нема да ме биде
сп поздрав до сите оние кој денеска прошетаа на сончевиот ден и ги облекоа разиграните маички како и до оние кој свртеле едно скариче низ двор