сакам да си упатам специјален поздрав до мене, оти сум најубава, најпаметна, совршена, перфектна и тн а да и поздрав и до другите совршени девојки на форумов
Офи најспецијален поздрав до тебе. Биди храбра, знај дека ќе успееш. Кога тогаш. Ти можеш. Сети се што кажа
И јас сакам Офи да ја поздравам. Немој да си песимист, ајде да се насмевнеш под итно. Сп и за Марамка, Дузи, Старфиш, Фби, Мис независна, Сеси, анни, Цаци.
Лелеле фалааааа Мимс И да ти кажам ете дури и тортата слична му ја погодивме Поздрав до сите девојки кои ги обожаваат животните. Сваќам дека животот е сосема поинаков кога чуваш домашно милениче, цел живот чувам животни, но куче си е куче. Посебна љубов, посебна грижа. Девојки сакајте си ги миленичињата, зашто тие никогаш нема да ве изневерат, тие се најдобрите пријатели во секој миг, во секој момент кога ви треба друштво тие се тука, ако не ви зборат, најдобри слушатели се на вашите проблеми
СП до сите вас девојки и момци, на кои само небото ви е граница кога станува збор за љубовта! Не сме многу на број, но затоа сме секогаш горди на љубовта која сме знаеле искрено и безрезервно да ја подариме и негуваме! НАЗДРАВЈЕ!
Голем поздрав до Офспринг и нејзината истрајност Верувај Офи, и тоа е голем успех, многумина од нас би си го собрале ранчето со алиштата уште првиот ден и би рекле аривидерчи за сва времена. Браво!
Специјален поздрав до ludoto19 обожавам да ја читам ептен ми е супер и реална и до Хипица абе ептен мило девојче, башка па и од мојот омилен Охрид
СП до Шакира! Шакирита, ола! Комо естас? Е толку знам на шпански и дека Алехандро тиене парлар кон тиго порке ес ту ихо! думдумдумдум (драматична музика во позадина) Него, Пике кога нема да те сака, нека те прати кај мене, мењам сексуална ориентација ради тебе. Бреј што тело и играње извади у последниот спот, ауајз! Е така, многу пиво и дружење со мужи што прави со мене п.с. Дај сврати у темине за диета на форумов, со по некој совет!
СП до Кенди! Разгледувајќи една тема, најдов некои нејзини постари мислења (нешто во врска со љубовта и пријателството), и видов дека сме се наоѓале во мноогу слична ситуација. Па затоа, да си ја поздравам нашата Кендии!