Три пати се мушнав околу тебе во новата ни продавница,три пати беше во муабет и смеа,па не сакав да те прекинувам. После минав од надвор пак,фотографираше во излогот,требаше да му хукнам да го замаглам и да ти напишам јас Лилит! Те гушкам и јас тебе! Врло мањачки звучеше ова! Не те следев,разгледував што има,па неизбежно беше овај нали!
Специјален поздрав до Офи. Какво дегенче сум значи, си глеткам нешто на ФБ, и ми текнува од смешни мислења дека Офи ја постираше Лудачата од медицина. Одам да си ја најдам Офи на ФБ, за да викам како изгледаше цурата. И во search пишувам - Off....... ја нема! Леле, зошто ме избришала? Тужно ми падна додека се свестив едно 5 секунди дека те пребарувам под Offspring, а не по вистинското име.
СП до моите стружанки зш само тие знает како е дримон да ти е пред нос, а да не мојш да се искапиш...
СП до: BoaVista, crazylady, julie77, JuLleE, MissSpark, najubava2010, rossonerka, SexyLady, Smilly, Strumfeta93, TheCandy880, thelittle17, Theodora, zhap4e кога сакате толку благо еве ви една торта си велам дека ќе има за сите...
До Марјан Душо мојаааааааа зар мислиш дека ке те заборавам некогаш?ке те чувам од заборав, http://www.youtube.com/watch?v=qemWRToNYJY
СП до сите на кои им е преслатко она бебено од рекламата за Беко. Спојлер Јееееее,нема супа од зеленчук.
Огромен поздрав историчарке (Горде) и од мене до тебе. Историја мразев најмногу од се, дури и повеќе одошто математика. И требаше да отидам во Бугарија на факултет да ја засакам и да ја читам дури и повеќе одошто треба доволно за да изшамарам секоја будала, што ми соли памет за тоа кои сме и што сме.. посебно читале-недочитале луѓе. Поздрав до МацаЛов детективот не прашав ништо во врска со оние сомнежите од пред некој ден за парот на форумов, ама имам некое шесто чуло што ми вели за некои двајца конкретни за кои било сумљата, ама ок сфатив дека ЗА СЕГА ништо ново на Западот и на Фемина. Поздрав до Најубава затоа бре девојко ти не спиеш навечер, шо да спиеш покрај такви желби и соништа у два-три-четири саат. Хиперактивност имаш у тоа време. Стегни си го Петко, оти така не бидува. Договор куќа гради некои вечери мора и тој да подежура Ловер, фала ти за тортата цел ден се мислам што ми недостига во стомаков, тоа да ти било благичко Катакомба и точакот на помошни тркала само ти знаеш колку е тоа битно. ]Лов малоооо огромен поздрав и до тебе! Прекрасно ти е ова аватарче да си знајш
Да знајш дека го прочитав то со мали букви ајде еден гоооолем поздрав и за тебе и фала. Спојлер Амори, ме зарази со то твое ццц!
Фала ти Рејнбоу Од мене имаш еден оооогромен поздрав. Истото и јас можам да ти го кажам на тебе. Прилично често на феминава среќавам твои постови со мисли и чувства копи-паст на моите И ме потсети да ја поздравам и Трендафилка. Осечам некоја страшно добра промена кај жената Трендафил, што ми се допаѓа претерано многу, а зрачи од секој пост во последниов некој си период ти го посакувам да ти трае и трае, подолго отколку вкусот на Орбит од рекламата со колата заглавена на дрво, ако се сеќаваш на неа
Најјјјјголем поздрав до сите диеталки и сите оние кои се редовни во темата ''Морална поддршка за сите оние кои сакаат да ослабат''...така да кој ќе си се пронајде да знае дека е поздравен