Јас прво да си удрам еден шамар силен, најсилен што можи и утре пак на очно да си појдам, диоптеров да ми го зголемат, затоа што очигледно сум уште ќорава. Најголем и најспецијален до Ливинг душето (нејмд бај Сеси), солза ми капна кога го прочитав она што го пишала во форумските игри, нешто прв пат што се случи откако сум регистрирана, и не можам да опишам колку сум среќен човек што ја запознав и ја имам во животов да ме полни со позитивна енергија!!! Душе, арно што не си сега до мене имаше да те згмечам, така да си знаеш!!!
СП до Дузи и Лудото. Ме насмеавте вечерва девојки! Читав ваши постови и коментари и се расположив. Останете така позитивни
СПЕЦИЈАЛЕН ПОЗДРАВ ДО СИТЕ МОМЦИ КОИ ЗНААТ ИСКРЕНО ДА САКААТ! Ретки се, но постојат, тие не се јаки само на зборови, не ја искажуваат својата љубов кон девојката на фејсбук - тоа е нешто најпатетично... и не е никаков знак дека се презаљубени во вас... Момчето кое навистина те сака можеби само еднаш во неделата ќе ти КАЖЕ дека те сака - само кога навистина ќе почувствува потреба од тоа, во меѓувреме својата љубов ќе ти ја ПОКАЖУВА преку ситници, мали нешта кои ќе те прават среќна! Тој не го ни забележува целулитот на твоето тело или вишокот килограми (кои веројатно се измислени) тој ја сака секоја несовршеност на твоето за него совршено тело! Без разлика дали сте сами или сте со неговите другари, тој е секогаш истиот! Тој поради вас ги почитува и вашите другарки (иако често мисли дека повеќето од нив се "нафурани кокошки" кои знаат само да трачарат) Тој е само твој. Тој е скапоцен дар. Чубав го!
Денеска морам да ја поздравам Пирамид- за прекрасните анализи кои што ги направи, а воедно да ги поздравам и личностите кои што беа анализирани- за такви луѓе не е тешко да се дојде до инспирација, нели ? за сите
СП до сите оние кои мразат лажни другарки и ценат вистинско пријателство. Вистина е дека вистинското пријателство е ретко. Подобро да имаш една ама вредна него 1000 лажни и лицемерни.
Поздрав до сесилија , ме потсетува на една песна..... стиховите ме асоцираат на сликата која ја имам создадено за неа на форумов, вака некако беше ....а знаеш да бидеш и злобница права, но некогаш си ангел небесен.... Поздрав и до Ливинг русинката, после анализава од Митка сакам уште повеќе да ја гушнам