Кога тргнав со автобусот кон Охрид, влеговме првин во Штип, и ми текна на Кенди како чита книги на некоја тераса и на Скај како едвај чека да оди во Охрид. Потоа поминавме низ Велес, се сетив на Офи и Дузи, и ги замислувам како само тие се шетаат низ центарот на градот Следна станица ни беше Прилеп. Може сум грешка ама мислам дека Ози е од таму, така? Потоа Битола, помислив на Мини Маус. И на крај стигнав во Охрид, се шетав низ чаршијата, си велам, можеби меѓу овие луѓе се и Брајт, Хипица, Ливинг и Теодора. Ете така, поздрав до сите погоре наведени девојки!
Специјалниов поздрав од се срце и душа, не и гаќи, верувајте , им го посветувам на сите машки членови на форумов! Без исклучок! Значи ок, знам, Фемина сајтов, жени, едно со друго, феминизам, јаки сме, знаеме се, убави сме и згодни сме, ама признајте, без маживе сме сепак само раскокодакани коковчиња на едно место. Секогаш кога ќе ти се убаци по некое машко на форумов, веднаш дискусијата добива друго ниво....е не секогаш е на нивоУ ама има друго ниво. Поздрав и до Триксон, да де, и тој ме смееше Е така, ај мљац мажи, пишувајте ни и понатаму оти вака, некогаш, ни за пиперки садење не можеме да се договориме а пред вас некако стивнуваме
Фала , фала тетка на поздравот Па затоа сум тука јас ... поздрав таму, поздрав ваму Хипи, поздравот важно е пренесен
СП до сите мои нај најдраги феминки и феминци. Ми недостигавте изминативе 2-3 месеци. Изгледа неможеш така лесно да се откачиш од феминава. Зараза е Али затоа ви ги обожавам постовите бе, ме враќаат у живот. Кога сум со вас ОК сум и затоа ве сакам. Најголеми бакнежи до сите и стари и нови членови, коишто заедно правиме една целина.
До Лилит, зашто аватаров ми е од неа, од темата Ми личи на. До Мерлинка и ФБИ, зашто претходните аватари ми беа од нив. До Кендито, наредниот е од тебе. До Скорпионка за балерината од Лас Вегас. До Сеси за разголените балерини од темата Аватари. До сите бе, до сите што ми наоѓаат преубави слики со вакви нежни и женствени суштества. Редактирам, ќе ја вмтнам и Пирамидата, овој ми е нејзин. Не е балерина, јас сум
..можеби сум и досадна на девојката со моите лајкови,но неизбежни се додека ја читам нејзината поезија. Некако секогаш кога ја читам,ми се поклопува со мојата ситуација со некој примерок од машкиот род. Ко да ми е влезена баш мене женава во умов си велам,а нема врска... До Shelea. И до нејзината оригинална способност и редок талент за спој на неспоивото. И најтешкото. Зборовите. Треба да не биде преглупаво,препаметно,а сепак да биде искрено. Еден голем поздрав од мене за тебе.