СП до девојките кои редовно поздравуваат со нешто благо. Љута ви сум. Лиги ми течет. Па и јас сакам благо. Дури и на сон сонвам дека благо јадам. Така да си знајте!
СП до Хипица, денес слабо ја гледам онлајн, или не сум ја забележала убаво?! Поздрав и до сите останати феминки кои се онлајн, секако. Сите сте супер, грлс
СП до сите шо мораат да седат дома како мене и да го спремаат заостанатиот испит оти кога требало да учат тие го мереле Скопјето колку шо е долго и широко
СП до сите феминки, а посебно до оние кои ми многу се драги, ќе се пронајдат верувам Не сум многу активна на форумот т.е не пишувам многу ама редовно ве читкам девојки Поздравче до сите
До сите присутни на организирањето на свадбата. Маца - деверуша. Гарпова - кумата. Реинбоу - потпирач на шанкот. Јуле - одговорна за музиката. До „зетот“ нема поздрав. Фала ви на честитките. Едит, си најдов уште една деверуша. Марамче! Абе, и БиЈу ми била деверуша.
Специјален нека е до сите оние што љубов изразуваат преку малтретирање Не знам дали само јас сум, ама тешко на тие што ги сакам, ги убивам од штипкање, касање, задевање, гушкање и малтретирање И до Билката, ми го даде форумов каде што си најдов личности без кои не ми врви денот ако не се слушнам. Ето тако.
.. до Џули и останата екипа од нејзиниот пост тука за моја подршка. Ви благодарам жени,ми годеше прегратката. Би сакала да ја поздравам Сесилија. Нешто има кај девојкава што ме тера веднаш да ја отворам темата штом видам дека таа оставила последно мислење,било која тема. Исто и Дафне. Таа ми е од оние девојки што се ретко на форумот,но квалитетно. Ретко добри постови.. А и сеуште ја паметам нејзнината прва слика во скриеното катче за модни критики која ме остави speechless. Ја поздравувам Офи,се надевам го среди забот. Секое добро.
и јас сакам да ја поздравам Реинбоу Спојлер да и се улизувам дека е сега администраторка и Спаркс Спојлер дека виртуелно ми е другарче за пиење а може и реално ќе бидне некој ден и марама Спојлер дека ќе ги манијачиме шанкерите во коктел бар
СП до Љубам. Секоја чест, жено! Ги разгледав сите твои фотографии до една и останав буквално без здив. Ме разнежни и си пуштив некоја солзичка. Фаќај гушка и остани ми поздравена!
До Дафни, Ливинг, Анат и Спаркс. Ги нема ги нема на форумов, ама доволно е да се шмугнат тук таму и веднаш да остават силна арома позади себе. Ова звучи двосмислено Да се дообјаснам, како некој кога ќе помине низ ходник со силен и добар парфем а вие го душкате парфемот во надеж дека повторно ќе ја најдете личноста која оставила таква впечатлива трага на местото каде што се наоѓате. Ви реков ли? Некои ангели се невидливи, но и те како се чуствува нивното присуство девојки
Поздрав до тебе Мијалковиќ, и те молам друг пат кога ќе го поздравуваш господинов, ставај го во спојлер, не сакам ниту името да му го читам. Озбилно.