СП до тедиии и да не ми става лајкови на коментарот за морална поддршка за оние кои сакаат да ослабат,туку да ни се придружи во темата да видиме до кај е нашата диеталка.А воедно и поздрав до сите кои скокаат на јаже заедно со мене Ве сакам чикас!
уфф сега ме усрами , еден најспецијален поздрав до тебе, мило ми е и мене што се запознавме, и што ете сега сме повеќе од виртуелни пријателки... Кон поздравот се приклучува и Петко .
Специјален поздрав до funkygirl Ми се допаѓа начинот на кој размислува и се изразува. Имаме доста слични ставови, мила девојка која би сакала да ја запознаам
И јас сакам Брајт да ја поздравам, некако ми е посебна, штета што не е толку активна. А гледам и сличен вкус за музика вртиме Поздрав и до МаршелинАмару (веројатно точно ја пишав ) И Хипи ја поздравувам. Ајде бре напрај 10.000 мислења да видиме како стои наредното цветче
Најспецијален поздрав и до тебе Sesilija и благодарам за комплиментите . Мило ми е што моите постови го имаат посакуваниот ефект - да се свести личноста што го побарала мислењето. Барем според мене, со обични информативни постови без критика и 2-3 виртуелни шамарчини, женскиот поглед само ќе помине преку текстот и нема да ја види светлината . Во секој случај ми е мило, а верувам и на XMаN му е мило што гледаме дека нашиот труд е ценет. п.с. ме насмеа со твоите "стравови" и нервозното човече на сликата, добра си Специјален поздрав 2 до Mysterious, за мене Докторот е...ти опишав де Ѕверчиште!! Специјален поздрав 3 до Saya, мојата колешка по хуманитарна линија, со оваа слика од еден храбар и борбен дечко, неодамна спасен од улиците и сите бруталности што доаѓаат со животот под отворено небо. Видете само како гордо ја држи главата исправено. Се гордеам со него, а уште не сум го ни видел. Срце бушавко најубаво со муце мокро од храната што ја ручкал.
СП до Нејтиричка, двојникот мој.... Лепото, се јавувам на рапорт... остатокот по лп И во овој пост и СП до Трендафилка, без оглед на тоа како започнавме , морам да кажам дека ми е најомилена за читање... приземјени и реални постови, уникатни
До сите феминки што обожаваат да дремат умотани во пешкир или бањарка, сеедно. (ме мрзи да се облекувам)
До Хипи....Вчера се препознав во Охрид, видов девојче со виткнана коса и помислив дека си тии и е се смешкав цело времее