Најголем поздрав бек и до тебе, малечко, и најголем поздрав до нашите момци и сите што гласот и нервите ќе ги прежалат денес навивајќи за нив. Тие имаат 2 милиона трофеја во Македонија, освоија 2 милиона срца, а верувам и уште многу други низ целиот свет. Ова е невидено мотивациско видео. Ова допре до мене. http://www.youtube.com/watch?v=yX39J_YyKbs
СП до сите кои гледаат свртени со грб, ту мач еуфорија за мене! Не можам да гледам во телевизорот, не можам. СП до буквите на фемина. Сиротки, збрлавеле и тие. Или јас збрлавев ??
Најспецијалниот поздрав, најголемите честитки, прегратки и поддршка од цела Македонија до нашите кошаркари, едно големо БЛАГОДАРАМ за тоа што не направија толку горди, среќни и успешни !! ВЕ САКАМЕ !!
http://www.youtube.com/watch?v=S9Lt4SmIe3E СП до македончиштава кои направија парче од теренот (не срца, ами и бубрези ќе летаа мајке ми) - си заслужуваат огромен поздрав, од тука до Литванија.
Сп до Пирамид - колку сликовито опишуваш, уште сум под имресии од визуелно- аудитивниот елемент на компарацијата - влечење солза ко мрсул, придружуван со едно високотонско „Шмрццц“. До Дафне - поради харизмата која зрачи од секој твој пост!
СП до сите што ја мразат песната поставена на аларм, и од што едвај чекаат да ја изгасат за да не свири на сабајле, побрзо стануваат. И не е до песната, било која да е. Белја работа.
СП до сите оние на кои Антич ги потсеќа на Осман-бег некој-си, уште турско кече му фали на глава Ај ваљда не сум единствена
Поздрав за сите феминки кои го сакаат летото најмногу од сите годишни времиња и на кои ќе им фали! Ахххх со песнава сеуште ми се чини лежам и се одмарам на плажа http://www.youtube.com/watch?v=8Wu3nKIN3hE
сп поздрав првин до марин докузовски момците од репрезентацијата и сите драги феминки кој одамна ги немам поздравено
СП до Големата Штумфетка. Росоњерка и дупчињата на образите и половината, Саја и трошките во деколтето, Ливинг и Жабецот кои го измалтретираа копчено Ми се допаѓа. Поздрав девојки.