Голем поздрав до De-lovely, одвај чекав да постира нешто ново во Ваши дела-поезија и проза Многу се пронаоѓам во тоа што го пишуваш, само така продолжи Поздрав до сите што.. само поздрав.
Еден групен хороскопски поздрав до сите водени знаци - рак, скорпија и риби - бидејќи есента била наш период за пишување, сликање, мечтаење... Имагинацијата е нашето последно светилиште - ова ми е една од омилените мисли од една многу драга книга. Поздрав и до тебе Ели25 ете ми разбуди темата искрена насмевка .
СП до сите оние кои некогаш промрчиле како Muttley, или пак биле заразени од неговиот начин на смеење
Отсуствувањето ќе бидне порано отколку што очекував така да.. . СП до сите што барем малку ќе им понедостигам. Ве Специјален поздрав до тие што на постов ќе здивнат и под мустаќ ќе си промрморат фала богу, не се брзај да се вратиш. Вас не ве , но сепак ме мотивирате , и то се цени. Специјален поздрав до феминката што реши undercover да ми начкрапа 3 екрана мејл, и се извинуваше како да е тоа нешто страшно. No worries . Се надевам малку помогнав, иако ситуацијата ми изгледаше ќорсокак. И еве ова не сум го направил...Специјален поздрав до сите мои колеги/колешки од Бизнис/Маркетинг/Менаџмент браншата. Периодов ќе џвакам книги од областа by the pound, а ви го предлагам истото и на сите вас, од соодветните бранши. Поставете си меѓународни перформанс стандарди за вашата работа во Македонија. Ете тоа е најблиску до success formula што јас сум си создал за успех кај нас. Ау да, и очекувајте многу хејтери. п.с. опцијата за ЛП ќе биде исклучена за да не оставам некој со денови да чека reply. Ааајјттт
СП до феминките кои ме смеат до солзи! Ми останаа во сеќавање некои мислења на Пирамидката, Трендафилка и Гоу. Епа женцки биг фром ми, литл бејби! Папааа!
Eден НајСП до Геа. И се восхитувам потполно на се што поминала и на жената каква што станала. И фала ти на вчерашниот навистина трезвен муабет што си го направивме И СП до Офи, која секогаш на крајот се враќа на форумов и знам дека е тоа поради личности кои вредат, кои го красат форумот. А за мене Офи е една од нив Спојлер И со среќа утре
... Theodora & LivingGlam. Чекам од апансас нова торта да готвам. Или баклава да сучам. И она колачено гратис... аман!
До оние на кои очајно им треба направа која ќе го стопира времето или ќе го успорува, затоа што незнаат кај попрво да стигнат
СП до они што, кога седат на столче, особено во школо, ја тресат едната нога. И СП до сите што денес накиснаа цели. Спојлер
СП до сите што ја осетија лудницата што ја створи дождов надвор, со чадор или не па и не е некоја разлика!
СП до Мерлинка Спојлер не ја свиѓам, туку ја обожавам луда една и уште еден СП до Старфиш Спојлер ми текна на поздравот заедно со марама и спомнатото кафе, треба да се реализира
најСП до Хипица! Спојлер Многу сум и' благодарна што го препорача она кремчето на Докторс, ми го спаси животот - ај, ако не животот, ама лицето сигурно! 5 дена без мојата светлечка Т-зона не се малце, ех. Среќна сум. Фаќај гушки и благотии.
Вечерва упатувам специјален поздрав до овие момиња - Лудото - зашто е крајно лудо, мајке ми, ако е лудо и во живо, веднаш ќе ви кажам; ова откако ќе ја запознаам, ќе и' ги скрцкам коскички со една голема гушка и алапачесто ќе изнаправиме 100 муабети. LilBaby - баш ми е мило што те насмеале некои мои постови. Многу сакам да ги смеам луѓето , зашто сметам дека секој насмеан човек е поубав. Офспринг - се врати Ништо не е исто без тебе, седи си тука при нас, не знам што имаш планирано за утре, ама со среќа што и да си наумила. Заслужуваш само убавини. Сликнав неколку мачиња, и помислив на тебе додека ги штракав.
СП до сите кои обожаваат чајна! (и кулен) во можност сум да изедам цело цревце без леб, без ништо, само тоа.
Значи ауф, најубавото нешто на свет. На почеток на летово си пржев така чајна да ми крцка ко чипс, леле лиги ми течат сеа, што ти требаше. поздрав бек. И СП до Cynthia, имаме многу слични мислења, нели?