Поздрав до сите што пробале со главата да го изведат добро познатото Спојлер смајли А можда и сама сум во ова
Не си сама, една вечер, не ми се спиеше, па сите смајлиња што ми текнаа од форумов, ги правев. Како некоја лудача, ама мора да се најде занимација.
Еден поздрав до модераторите и администраторите Затоа што сеуште не ми дале опомена за злоупотреба на извичникот и ефикасно реагираат на пријавите. Па можеби и се смешкаат на моите објаснувања каде ги наведувам објективните причини за да се брише ммислењето Спојлер ...и уште ова, може има и друг талент како мене што се самопријавува понекогаш за бришка
СП до сите (не)среќни сингл душички, калуѓери, калуѓерки, попови, пречесни сестри и кои ли уште не... Гледам дека баш и не сме во мал процент на форумов, си имаме и ние своја сингл „секта“. ПС. Излегувајте, дружете се, бидете храбри, запознавајте потенцијални либиња, да не завршите како мене, со веќе објавен пензионерски сингл статус на редовен играч на шах и хранач на гулаби во парк.
Голем поздрав до Киро Глигоров... онака ептен го сакам човекот... некни се почуствував баш како него искрено... ко некој да ми направил дупка во главата... хахахах и му посакувам долг живот... и му препорачувам сапунот да не го чува во дупката... хахахаха
СП до Најубава едвај чекам кафето. СП до Кате21 мерак мие да си правам муабет со тебе. СП до Гоу мојата Шарлот. СП до Карак, кога и да видам девојка низ населба која потсеќа на тебе си викам - може ова е Карак СП до Горде, твојот аватар ме потсеќа на око од коњ (не се смеј и не ево негативна смисла).Мислам на стариот аватар.
До Георгина женска фина, баш ми е драго што се врати на Фемина, и цел женски свет зина, некој од завист падна у несвест па го носевме у Систина, а баш ми се иде на рафтинг на Дрина, зошто од смеа стомак ме скина, кога ја читнав момава фина, звана Георгина. Ич не ме бива за римувачка поезија, ама тебе сакам да те поздравам еве овака - специЛално
Специјален поздрав до авторката на текстот за сериите кои се емитуваат на македонските тв канали. Ако вие се релаксирате и се забавувате со сериите, го прифаќам вашиот избор, но ако им дозволите на вашите деца да гледаат серии, ве молам барем објаснете им зошто таткото ја тепа ќерката што не сака да се омажи за стариот богаташ, на кого му ја продаваат, зошто мајката ги учи ќерките да ја кријат вистината од таткото, зошто оставената сопруга сака да му го уништи животот на бившиот маж, зошто мажот секогаш е прикажан како разумен, а жената како емотивна, зошто при телевизори во боја светот на сериите и понатаму е црно-бел? Авторката е универзитетска професорка
СП до сите кои водат секојдневни битки во животот, кои никогаш не се откажале и во секое негативно искуство успеале да согледаат барем една мала, тронка надеж за подобро утре. Сакам само да ве потсетам колку е силен секој од Вас, продолжете да ги инспирирате другите! СП и до оние кои научиле да не живеат во минатото, ги оставиле работите таму каде што припаѓаат и длабоко веруваат дека се си има своја причина и најважно...СЕ ЌЕ ЗАВРШИ ДОБРО!
И до тебе женско... Баш едниот дел (во кој снаите работат, на работа, дома, придонесуваат секако), на тебе ми се однесуваше за малото фраерче
СП до енца, ели и душица што ми ги разубавија денот,направија да се чувствувам многу поубаво и ми поделија еден куп бесплатни и КОРИСНИ совети