СП до сите кои имаат барем една тема направено која е во канта И оние кои многу често чепкаат во канта, барајќи интересни теми за смеење
Офи поздрав до тебе мила... И до другата велешка мома што се прави важна сега, факултети макултети, те ова те она, Дузи сестро не се врачај кучи, овде е уште црно-бела техника, љуби те Вилма од Каменковци Поздрав и до Џули која многу ја почитувам како форумски лик, би сакала да имам прилика некогаш да ја запознаам и надвор од форумов.
Сп до Јипман со чии постови се превртувам од смеење во последно време. Посебно се изнасмеав кога ја читав темата „Совети од женска страна за машките“ дека и пеел на некоја непозната девојка. Да е здрав и жив ми го продолжи животот. До Тедимеченце што ме заборави изгледа Ама јас неа не. Ми недостига. Пиши ми бе лп До Трендафилка зш мор те немет на фб ? До Енца И до Кенди...Повеќето од нас на форумот се сведоци колку оваа девојка се промени. Од времето кога пишуваше постови со секоја буква во различна боја, до сега, кога читаме нешто сосема поинакво од неа има ОГРОМНА, секако, позитивна разлика
СП до Љубам -ти ги исчитав сите мислења и просто ти се восхитувам на храброста што за твои 28 години имаш поминато многу, и добро и лошо. Офи -една од најострите феминки кои имаат свое јас. Браво Јипмен2 или како и да се чита. Дечко твоите постови ми го прават денот.
Поздрав сестро, еве ти мафтам од џамчево, конечно го изрезбарив во каменов. Бегам назад во иднината од понеделник, море трчам, не бегам! Ама ти подалеку ќе отидеш, светлосни години подалеку.
Сп до милата колешка - Neytiri се гледаме наскоро Pelikuna - ти благодарам за советот Јипмен2 - заради неговата одлична смисла на хумор
СП до najubava2010 !! Eпа девојко, обожавам да те читам! Духовита, паметна, слични ставови како моите, многу се пронаоѓам во твоите мислења овде. Радо би те анализирала! И љубоморам на marama, прочитав пред некој ден дека те чека на кафе..
специјален поздрав до Breezy горпава и нејзиниот сунгер боб и елена бидејки знае убаво да ме насмее со нејзините постови