До цуриците за кои признавам дека немав убаво мислење, ама не значи дека останало така Ким, Блонд и суштеството кое ми влева надеж дека не е се отидено у *цензура* - Ганшајн Поздрав девојки
Поздравче до сите ранобудници во овој убав сончев есенски понеделник и до оние кои почнаа на десктоп да ставаат есенски позадини. Јас еве веќе барам Спојлер Морам веќе да ги тргам плаживе, кокосиве, лежалкиве, морињава и океаниве ме ставаат во искушение а има уште 9 месеци до ново лето
СП до сите ранобудци, или што мораа да станат рано. Ве љубам и ви посакувам успешен почеток на работната недела. И да, што побрзо нека заврши
Специјален поздрав до сите студенти на Филолошкиот факултет, со песната... ИН Д ЏАНГЛЛЛЛЛЛЛ! http://www.youtube.com/watch?v=QvsQ9hYKq7c Затоа што, ако ова е факултет, плус тоа и организиран, јас и Хипово сме топ модели на Викторијас Сикрет. Јаден Блаже Конески, сигурно во гробот се превртува моментално. Чувај ме Боже, мене и сите студенти.
Специјален поздрав до сите обожавателки на најубавиот маж http://www.youtube.com/watch?v=j5_FHFYV ... re=related ахххххххххххххххххххххххххх...пуста да си останам, дивеам кога го гледам.
Ја би да ги поздравам а воедно и да апелирам најпонизно до сите оние кои НЕ сакаат ајвар. Девојки ај шо не го сакате, ок. Уште поубаво - ако може, мислам, екхм плис ако прават вашите по дома, теглата резервирана за вас да ми ја дадете на мене? Ај бидете умни колку што сте убави и дајте ми ајвар ај плис И секондли да ја поздравам Спаркс - ова девојче има ненормален музички вкус, ама ненормален И за трето да ја поздравам Теодора. Можда сме у најубавите години, ама сме секако поживи и помрднати од билокое дваесетче кое шета по планетава. Цртани филмови да се гледало еј! Па уште и со страС и слаС
СП до Пеликуна Колку и да сум страшен, тебе не можам да те уплашам изгледа, ам? Се по старо и се по исти шеми & машки? Мислам дека Офспринг добро те построи. Те стави во ред. ССССП до Пирамитка. Аууу, па да знаев дека ова е твоето мислење за скромниот ЕлеМентал одамна ќе се дуев како паунче по дома, ќе си потпевнував и сите ќе се чудеа шо ми направила онаа Фемината Данкишен ептеншен, секој поздрав и вакви убави ретчиња упатени на адреса Сарказамска 87, после семафорите на Булевар Иронија, па лево. ми се многу драги, па и кога ќе дојдат од вакви виши профили, добиваат на тежина .
сп до сите мои феминки ми недостигавте многу. ве поздравувам со една песна која ме тераше на плачење до скоро и ми будеше тажни спомени, но денес ја обожавам и тоа посебно оваа верзија . уживајте http://www.youtube.com/watch?v=MEa6mUyJYok
СП до оние чии маици откако ќе им се смалат, ги користат за бришење телевизори, комоди, бироа низ дома. Бујрум ин д клубот!