Па јас сум, Мишела, првиот Македонски дипломец од Хаусовата Школа за Неподносливост , еве и лап топот ми е ставен врз еден кома пациент додека спамувам на Фемина, ама не верувам дека ќе му пречи...(блек хјумор) Уште 2-3 плати и ќе бидам ептенски комплетен со убавицава, тек тогаш нема да се зборува со мене, а може и да ве баталам на месец-два додека си го живеам филмчето, не се лутите нели? Велики поздрав бек до тебе!
Поздрав до креативната ни ФБИ. Еве ти еден куп кошулчиња за комбинации И до Старфиш со новото фризурче и пинк забавите кои ги прави за другарките еве и една собичка за забава Пирамитката ... знаеш на што мислам нели Сеси да си одбере тавче за шеќерна депилација за да не се нервира ииии Марамка чевли, книга и кафе добитна комбинација нели
Огромен поздрав до тебе Роси, шо убаво не поздрави и мислам дека не погоди сите со фотките Плус оп стоп и го крадам Fowles на Марамка И уште еден специјален поздрав до Лолитка која ни се врати! Фалеше многу и тоа, барем на мене.Сум те мислела вчера пред спиење еееј! Викам морам да ти пишам, пораче, мејл, ЛП шо и да е и ОП се појави Ме предухитри!
Би сакала да ги поздравам од се срце девојките што ми оставија најсилен впечаток на Фемина, од денот кога сум зачленета до сега: Лолита777,Сесилија,Трендафилка,Реинбоу,Ариел,Гордана10,Пирамид,Георгина, Теодора,Жап4е,Лилит, Ливинглам,Мерлинка,Блонд,Љубам,Дузи Девојки, секоја од вас е приказна за себе, поинаква на свој начин, интересна, харизматична, шармантна, полни енергија, интересни мисли, понекогаш и луди идеи, шегувања на своја сметка, доживувања, случки, споделување барем еден миг од животот.....На некого му го разубавувате денот, некому му помагате во решавање проблем, но некого го оставате со задржан здив и подотворена уста да го согледа хронотопот на стварите низ ваша призма. А за мене? За мене сте посебни!
Сп до Ла.Реина.Дел.Сур Прее менувајќи ги каналите, на пинк ја видов серијата Ла реина дел сур и веднаш ми текна на тебе. Исто така поздрав и до Пирамитка, Џули, Мона.Мона и Горпова.
Голем поздрав до оние кои приметија дека во последно време ме нема. И до оние на кои барем малку им фалеа моите филозофирања и умувања на форумов.
^^ Поздрав и до тебе Есперанца ... именцево твое форумско сепак некако ми делува позитивно да не заборавам дека се уште постои и веројатно како што викаат последна умира.
Спрецијален поздрав до сите кои сериозно се занимаваат со учење како мене :geek: :geek: :geek: што се мора се мора, нема тука бегање
Ехх, јас ја паметам по еден аватар со црнокоса, имаше голема обетка и ја држеше во рака . Многу и беше моќен, Трендафилке ај врати го барем на еден ден . Поздрав назад и до Марамка .
НАЈспецијален поздрав до Најти срц-прц! Ајде што побрзо и јас да ти вратам со слична ваква честитка Да се множат поводите за чукање со чашите полни вотка Шашаво дете, еве ти најогромно гушкање од мене....зашто си наjогромна срцка Спојлер П.С. фала ви и на сите кои го лајкнавте поздравот на Најти, знам дека се придружувате кон честитките Ај за арно, за убаво
Знам дека сум многу досадна, можеби ви изгледам како мало дете во фабрика за чоколадо.... Но, морам да ги поздравам сите вљубени и заљубени во градот Скопје! Не тие со дечковци де, тие што го сакаат Скопје!!!!! Иако порано ме нервираше, не бев воодушевена воопшто од сета таа прашина, галама, ука и бука... Скопје полека, но сигурно ми навлегува во душата. Прекрасно вечерно возење со 22ка. Гледав и се одушевував. Сум била и на други места, во поголеми градови, не знам што ми стана сега. Како некоја луда, си одев поднасмеана до дома. Си потпевнував, затоа што, сакале да признаете или не, градов има нешто, некој такт, некое НЕШТО што те тера да го сакаш. А ова осветлениве, долги и широки булевари, ако ме запросат, ќе се омажам за нив!
Поздрав назад до LittleDevil и фановите на Барселона како CharmedGirl, Plavusa.17, MSkorpionka и останатите!