Специјален поздрав до кукли4ката Старфиш - сwцки сме си ( треп, треп ) и до ана-банана која го прати поздравот до редовните кисначи на сајтовите за наоѓање на работа, па ако се сретнеме на некое интервју, не бидете срамежливи и туѓинци (и онака си ги знаеме и сексуалните и сите други навики благодарение на нашата Фемина Феминчевска ) пружете раче и кажете си го полното форумско име.
СП до сите верни пијачи на виното и оние што се радуваат на виноскопов... И дајте, да се собереме на по едно(две - три) винце... Сакам да ве гушкам сите (после неколку чашки)
Поздрав бек до Аnnie.mk1 Исто и до сите кои денес се расположени и зрачат со позитивна енергија http://www.youtube.com/watch?v=OlttCPiiIBo&ob=av2e
Денес специјален поздрав до еден креативен лик, уметник и мистериозен каваљер (почитувач на дамите на форумов) Сакам Да Кажам Чичко Марли Спојлер (5000 )
До оние кој имале среќа да не изгубат некој кој секогаш бил тука за нив, кои со своето однесување можеле да го оддалечат милион пати, но тој секогаш се враќал заборавајќи на се што било, бидејќи му било доволно да биде само дел од вашиот живот. СП до вас кои сте се освестиле, созреале и сфатиле дека најмалку е битен изгледот, интелигенцијата, па и немањето заедничка тема за комуникација. Битно е дека таа личност не ве напуштила иако имала милион причини. СП со сите кои имаат ваква посебна личност во својот живот и не морале да ја изгубат за конечно да почнат да ја ценат.
поздрав до сите оние кои во моментот им се јади тирамису annie па ти си била овде сестро, поздравЧе до тебеееееее те гушкаммм ај да си се поЧастиме
Јарче, се надевам такво баш јарче ко мене , фала Поздравче гоооооооооооолемо и од мене Мацето99, тебе ти праќам вреќа среќа силно девојче си ти ...те гушкам
СП до Оффи. Да кажам, али да не кажам ?! Ај ќе кажам, ама не туку ми се кикотите. Си го гледам јас денес Фрчко, и така си помислив јас на наша Офи, пошто нели и е меѓу омилените политичари. И така јас си ја замислив Офи во стилот на дешавките по филмовиве ко демек: Офи: Oh my God, isn't that Frchko ?! Рецимо najubava2010 и враќа (пошто си го знае она мн.добро г-динот Данаилов ): Yes, he is. Would you like to represent you ?? И тука ни два, ни три, Офи иде у напад и му пристапува со следниве зборови, доста познати по америчкиве филмчиња коа личноста X здогледува врло позната личност: Офи: Oh my God! Oh my God! OMG! OMG! You are Frchko, right?! Тука иде збунет поглед од Фрчко, можам да замислам која би му била фацата: И тука следи Офи со: I'M BIG FAN OF YOURS! YOU ROCK! CAN I HAVE YOUR AUTOGRAM PLEEEEEEEEASE ?! И така му натаму, наваму..
ЛилБејби поздрав и до тебе, и претходно си ме поздравила ама пуста моја некултура не ти возвратив . Прими пуно поздрави и едно еклерче за муабетов А Фрчко па и не ми е некој филмски лик, може тој само одмерено да каже: -Девојки ве молам, немам време, доцнам , во говна сум до колена . Поздрав и до Енца69 и Маца99, зошто знам дека имаат потреба од подршка, па девојки не се секирајте Фемина и нејзините форумџики се секогаш тука за вас, и во добро и во зло. Заедно ќе се веселиме, заедно ќе плачеме... Спојлер Имате многу гушки и подршка од мене, не врши работа многу оваа виртуелнава гушка, но во тешки моменти и од некој непознат виртуелен лик знае колку-толку да утеши и помогне И еден СП до оговарачките кои ме оговараат зошто мене ушите ми изгореа мислам косата ќе почне да ми чури во секој момент.
Поздрав и до тебе Мацо, се надевам барем ќе се насмееш малку од малку. И само за убави работи да ни пишуваш.
Денеска сакам да поздравам една феминка која шири ептен убава енергија на форумов, а тоа го прави без да има намера, едноставно таква е- зрачи Ј. Иваноска (или И.Јованоска како што ја викам јас ) Сакам да и кажам дека е прекрасна и таа и нејзиното семејство- летово имав шанса да ги видам во Охрид, ја познав бидејќи рече дека продава таму книги, по тетоважата, плус малиот беше таму, и господинот Иваноски Зошто само ги видов, а не се поздравив? Затоа што во тој момент, кога сонцето набргу ќе зајдеше имаше таква прекрасна светлина околу нив, тие си го подаваа бебето еден на друг и се гледаше дека има огромна хармонија меѓу нив, а јас само не сакав да го расипам моментот . Ви посакувам само убави моменти и понатаму, и само љубов, здравје и среќа да ве пратат низ животот А ти продолжи да пишуваш овде- сакам да те читам на твојот смешно сладок македонско-бугарски јазик