СП до неверојатнава жен(ск)а над мене. Те обожавам! Муза моја си ти! Да бев мушко (среќа не сум) ќе те возев на точакот напред испучена Ќе те фарбав секој втор викенд. Ќе те опивав до бесвест. Сето тоа од љубов и со љубов направено. Не сум заборавила со Марама што ми ветивте.
Денес СП до нашите посебни момци на форумов Џокси - чудо од дете :geek: Елементал - уникат од машки род Најтвокер - душа од маж Икс мен - искуство и стабилност на форумов Хард секс - мистика и посебност Пуси хантер - ловец и забавувач Мистери - лепота и памет, две во едно Вие сте посебен и потребен зачин тука
Еден гООлем СП до ♥ Ани.мк1 - мила и внимателна ♥ Џули77 - секогаш најдобра ♥ Ели25 - секогаш си кажува што мисли без разлика на се ♥ Блонд - добра мама ♥ Гарпова - г-ѓа мила и паметна ♥ Хипица - обожавам да те читам женска!
СП до сите оние кои -плачеле како мали за топењето на снешко -плачат кога им умира своето кученце -се горди на нашата мала држава -барем неколку пати рекле извини -како мали ја бркале и сакале да ја дофатат својата сенка -го сакаа и ќе го сакаат тоше -сакаат добри филмови со вистинска содржина -се дружељубиви и сметаат дека се сакани во друштвото -својот партнер го гледаат како брат,другар и цимер а не само како средство за сексуални потреби -ЕДНОСТАВНО СЕ САКААТ И ПОЧИТУВААТ ТАКВИ КАКО ШТО СЕ
НајСП до Марама. Жалам мила, што такви неписмењаци и особи небитни за споменување, ќе сторат нешто ван својата култура и ќе влезат во товјот живот, за себично и на прост начин си го нахранат својот. Не вреди заради такви X особи да се откажеш од форумов, пред се затоа што гледам, а и поаѓам од самата себе, има многу ликови овде кои те почитуваат, ценат, и радо те читаат. Некои повеќе од потребното те читаат, очигледно. За таквите ликови, имам само погрдни зборови, секакви зборови со кои би го опишала и искажала мојот став кон мешањето во туѓи животи. Иако тие ликови за мене се бедни, ниски, подли, сепак им посветувам една песна со реален текст, и текст „посветен“ за нив. http://www.youtube.com/watch?v=Z-78lemn ... re=related
СП ... до Смајли 32 секогаш најслатка СП ... до Анастасија 85 ... најубава, фалиш ... СП ... до Мисс Ричи срце на дада таа Како можев да го заборавам Јипман во погорниот поздрав??! СП ... до Јипман креативност на куб на форумов
СП до сите присутни и неприсутни на Фемина (сега ќе звучи како кога се порачува песна на свадба ) со песната http://www.youtube.com/watch?v=iEPTlhBmwRg&ob=av2e
Сп до ЉУБАМ! Нека ти се множат успесите и изложбите. И знаеш што имам желба? Да имаш изложба во Скопјево, о со задоволство би ја посетила. Те молам, побрзо нека се исполни
сп до анние.мк1 Tе запознав сосема слуЧајно, се секавам на тој ден, се секавам на денот со многу љубов затоа што, ти тој ден ми внесе топлина во моево срце, сватив дека имам покрај себе другарка на која моЖам да се потпрам и на добро и на лошо. преголемата љубов и блискост што ја Чуствувам спрема тебе е гооолема мојата љубов кон тебе е како пустина, ке одам ке одам ке талкам но подоцна ке најдам мала рекиЧка, тоа си ти, мојата љубов кон тебе е како мрак ке талкам ке талкам ке ја најдам светлината-тебе, мојата љубов кон тебе е како снеЖна покривка ке талкам ке талкам и ке најдам зелена ливада-тебе. една душа што насекаде шири позитивна енергија и насмевки, со тебе секогаш комуницирам отворено и секогаш знам што и да ти каЖам засекогаш ке остане во тебе, зборовите што моЖам да ги каЖам за тебе се премногу и недоволни во обзир на тоа каква лиЧнност си ти, те обоЖавам душиЧке од една лиЧност која во душата е романтиЧна, во другарството фантастиЧна, која понекогаш заборава за себе, но, затоа секогаш мисли на тебе. другарот е лиЧност, што доага, кога останатите си одат те поздравувам душо моја
И јас сакам да ја поздравам Љубам... Горда сум што бев на твојата прва изложба. Се сеќавам дека тогаш бев на ран со една другарка и скршнавме во другата сала, накај изложбата. И да знаеш дека ги коментиравме твоите фотографии. Само што тогаш не знаев што, како, која си
СП до мојата ми дадичка. Среќен Роденден, те сакам. Иако ова баш и не ти го кажувам, почесто се тепаме, ама така е.