Сакам да упатам еден многу посебен поздрав до една посебна личност на форумот која многу ја почитувам и и се восхитувам. Ариел . Кога го прочитав мислењето во темата СДК многу ме потсети на мајка ми. Таа така ме воспитуваше мене и јас размислував секогаш како твојата ќеркичка. Никогаш нема да зажалам за тоа која сум и каква сум благодарение на таквото воспитување, кое според мене е најдобро, но не знам колку е и најправилно. Никој тоа не го цени, луѓето се сурови и газат. Да, буквално имав периоди кога ме газеа поради мојата наивност и поради тоа што секогаш останатите ги ставав пред себеси. Јас би сакала сите деца да се воспитани така, ама за жал не се. Твојата ќеркичка е една од ретките, со огромна вредност која кога да е ќе се најди некој што неизмерно многу ќе ја цени. Продолжи така, иако како што рече во ова време е тешко да просперира со тие особини. Секоја чест. Името го напишав со огромни букви затоа што ти жено во моите очи како личност си баш таква, не голема, туку огромна.
Е па СП и до оваа лепота над мене И уште еден Saluto Speciale до Плавуша, ЛилБејби, Гоу, Каролина Коста, Дузи Spoiler Не мора само во Сабота да пиеме, кога нас ќе ни се присака тогаш. Ве канам на по едно винце црвено, и женски муабети Би имале многу заеднички теми за зборување, оооо да
Овојпат СП до друже XMaN, зашто ми се допаѓа неговиот директен стил на советување. Долг и/или опширен пост не гарантира и квалитетен, импресивен пост. Напротив, некогаш директноста и концизноста се најпотребни и најјасни, независно за каков проблем, односно совет и да се работи. Токму затоа, јас се трудам да се држам до нив две. =)
Специјален поздрав до сите кои во моментот ги посакуваат овие три работии : кафе,цигара и благоо...!!!
До Реинбоу... Затоа што ми е мила, не постои конкретна причина зошто, можеби затоа што секогаш е спремна да даде несебична поддршка макар и преку една ЛП и да охрабри Фала ти, ретки се таквите како тебе
Поздрав до Трендафилка. Изгледа нема спиење за мене. Утре на работа ќе пијам 10 кафиња. Но не е битно, вреди за секоја одвоена минута. Те поздравувам
forever young феминка со која сум навистина ептенски блиска, дури и на гости по дома си иделе неделава да се видиме поздравче до тебе, те чекам на кафе пак, и не се секирај следечи пут ќе и кажам на мајка ми да ќути дека има колачиња, ние не сме за колачиња Kој има дебелки рачиња, за него нема колачиња
Понеделнички сакам да ја поздравам Пирамидката-колку е прекрасна и најпрекрасна ! Голем човек и Squierell- Te гушкам
специјален поздрав до сите фаминки што го обоЖаваат париз - најфантастиЧниот град на свет и до сите обоЖаватели на филмот HOME ALONE, кои бар еднаш се остнале дома и ги направиле слиЧните глупости како кевин
Позз до сите,пронајдете се во тексот и охрабрете се да уживате во она што сте вие и она што сакате да бидете навистина.. Што ќе ни е животот ако не го живееме онака како што сакаме ние без размислување за што ќе мислат другите.. Останете ми поздравени
сп до блонд и малиот бебуш кој што е преубав и кои ме разнежнија ептен утрово и да ви кажам искрено посакав и јас бебче
До сите несмасни и полунесмасни девојки ко мене што се нешто им паѓа од рака кршат чаши додека мијат чинии се трудат да не ја загорат питата во шпорет се трудат да му направат добар доручек на дечко им, а се нешто ќе забрлаат па потоа ќе има кавги на кило итн море и на тон (оти сум несмасна де )
СП до сите оние на кои им недостасувам, а и до оние кои заприметија дека цел викенд - нигде ме нема. На т-хоум работата.