СП до сите оние кои не знаат што да облечат на времево балетанки, патики, кондурчиња, чизми, јакна, џемпер, капут...
СП до сите што си патат од наивноста.До сите што не ги гледале вистинските лица на лицемерните,дволичните,љубоморните прикриени со една проклета лажна маска.
Јас сакам сите да ве поздравам. Да не се нервирате многу. Во животот се проаѓа ... Едно нешто секогаш било и секогаш ќе биде сигурно, а тоа е дека ... Се ќе биде добро. Денес, утре, задутре, небитно. Не знаеме колку сме силни додека не треба да ја покажеме внатрешната сила. А сите сме силни, убави, весели суштества ... Не дозволувајте заради некој друг, поготово некој кој не е толку битен во вашиот живот да ја тргнете насмевката од лицето, па дури и да е лажна и да крие тага ... Не секој мора да знае за тоа. Бидете паметни како што сте. Поздрав до буквално сите, и машки и женски и стари и млади. Дами и господа ... Јас искрено ве гушкам и ви посакувам добра ноќ, убав петок и убав викенд после тоа ...
До сите уморни - од чекање нешто да се случи и од вложување огромен труд, емоции, време во нешто што не дало резултати, од пречести главоболки и од силно испокршено срце, од туѓа узурпација и инфилтрација во секакви форми, од преемотивност и емотивно затупување, едноставно уморни од се‘ по малку или малку повеќе кое создало еден општ замор и умор голем ко долгот на Грција...
СП до Look- да престане со такви депресивни постови и да се развесели малку Жапче- одамна не сум те поздравила џенцка, многу сакам да те читам АнаКаренина- прилично нов член кој заслужува поздравче
Нај искрен СП до Горјан Јовановски. Голем човек со уште поголемо срце! Спојлер http://brkajrabota.mk/lifestyle/zivot/10274-svetomir
СП и до тебе creshicka Спојлер Знам утупив многу,и овде ширам негативна енергија (кој ме чита) ама ми се случија работи за кои ни на сон не би помислила дека ќе ми се случат.Ветувам нема повеќе.
СП до сите оние на кои баш ги здоболе дали Лејди Гага или не знам ти која друга фрикуша таму бапнала нужник на главата или не знам што, па да мораме на секое за тоа да слушаме и за тоа да читаме
До сите што мрзат кога имаат отворено еден куп „табови“ како и да се викаат. Незнам зошто, ама многу се нервирам, кога и горе и доле, има еден куп.
Еден генерален поздрав морам....до сите скролачи може и постов ќе го скролаат па нема да прочитаат дека ги поздравив
До сите оние кои го зафркнаа денешниот дожд и си понесоа чадор За останатите што воопшто немаат време е да си набават едно или повеќе