Многу сакам да го поздравам Joxythefreak и никогаш ама никогаш да не престанува до сонува и да се труди. Фотографијата ти оди одлично, и не секогаш очекувај дека некои луѓе ќе ти дадат позитивна критика, секој си го храни егото на различен начин. А ти пордолжи и уживај. На 31 се гледаме! http://www.youtube.com/watch?v=elaHaLl8T1k
Многу сакам да ја поздравам Гарпова, и да и кажам да оздрави(заздрави) побрзо, ај хоуп ју ар ок ! Спојлер Барав некое песниче што би ти се допаднало, ама не најдов баш.. http://www.youtube.com/watch?v=XyuZg08k ... re=related
СП до JoxyTheFreak. Упорно го читам Јокси со Ј, уште од кога го забележав на форумов. Не можам да се навикнам со Џ и готово. Еве едно јавно извинување од мене. (И не се обесхрабрувај од негативни коментари, ако тебе ти е забавно тоа што го правиш, продолжи си без разлика на другите.)
Овој пат специјален поздрав сакам да пратам до Theodora. Ги вкусувам девојко твоите зборови и никако не ми е доста од гигантските мислења. Напротив, барам уште, уште... Еве, на, повели цвече.
Па само ти си во право бре маче... Правилно е Јокси,ради името оти ми почнува на Ј. Ама не ми смета што ме викаат Џокси воопшто! СП до сите тие што на некој начин ми помогнаа и ми ја вратија довербата во себе... Сметам дека никој не смее да се откаже од соништата само заради мислењето на една личност. Па,ете! Не се откажувам. И секоја ден ќе се трудам да научам се повеќе и повеќе! Ви благодарам на сите.
Не смееш да дозволиш едно мислење да те промени,прави го тоа што ти се допага тебе а не другите.А таа "другарката"го кажакла тоа од љубомора.Еве мене а и на другите членови ни се допага твојата фотографија.Продолжи со тоа хоби и битно не слушај другите. Поздрав до Најтвокер-знае тој зошто Поздрав бек до Љочк-ти нема рамен И до сите оние кои се уште се по пиџами
Поздрав и до тебе СексиЛејди, ја ценам твојата уметничка креативност, уште на почеток те забележав по твоите дела . И јас ќе го поздравам Џокси(ова со Фриков не ми оди во комбинација со вака фино момче) и ќе го искарам малку - на твои години симпатии покажување кон потребата за осаменост е недозволиво . Сега грабај лакомо од животот , има време кога ќе се одмараш во осамување .
СП до Гоу дека Гарпова ја гледа како пастрмајлија, а јас вас ве гледам сите како чоколадни торти или па можи како полнети киндер јајца со нутела како тие што ги ставија на форумот пред некое време (не се сеќавам која форумџивка, ама многу лоша работа ми направи) Поздрав и до неа ако се пронајди
Специјален поздврав бек до КрејзиЛејди, со која имаме слични имиња, само со различни префикси, а иста коренска морфема (да ти се пофалам дека учев македонски де ) Љубам, зашто ми е мила како маченце, ми доаѓа да и отидам таму и да ја згмечам и смачкам од гушкање. Душа ми е! Нашата заљубена Мис-Независна. Ми го крева расположението со постовите полни љубов. И поздрав до сите останати, денеска не штедам.
Јас би го поздравила JoxyTheFreak, не знам дали му стигнала пораката што му ја пратив, ама еве ќе ја пишам и тука. Се пронајдов во твојот пост во темата „Ваши лични професионални фотографии“ и се потсетив на времињата кога јас бев поттиснувана од силното его на некои луѓе кои ме омаловажувале мене и она што го креирам. Ако уживаш во нешто што го работиш, не дозволувај никој да те натера да престанеш само затоа што ти дал лоша критика за твојата работа. Напротив, тоа треба да ти биде поттик за понатаму да вложуваш повеќе во себе, да се интересираш и да научиш нови работи. Кога подоцна ќе ги погледнеш твоите стари слики и ќе можеш самиот да се оцениш, да видиш што не штима - значи си се искачил на едно скалило погоре. Фотографирањето и воопшто уметноста е прекрасна работа која може да те оттргне од секојдневните грижи и проблеми. Фотографирањето е цела наука. Никој не се родил учен и со тек на време ќе откриваш многу нови работи кои претходно не си ги знаел. Секако, само ако продолжиш да се бавиш со ова твое хоби. Знам какво е чувството кога ќе излезеш со фотоапарат во природа полн со инспирација. Едноставно губиш осет за време и можеш да останеш со саати обидувајќи се да фатиш некое добро кадро. Татко ми често вели: Ако можеш нешто да пренесеш на фотографија онака како што го гледа твоето око - си успеал. Ги видов твоите фотографии на форумов, и воопшто не се за потценување со оглед на твојата возраст и искуство. Се гледа дека имаш некаква замисла и имагинација, и стварно имаш потенцијал. Нема да ти го кажам она вообичаеното „само така продолжи“, туку ќе ти речам - продолжи во други насоки, пробај поинакви техники и начини. Експериментирај! Голем поздрав
Мона. У пакет сВите с‘с жутото комбенце... Офи. Мвацки прекраснотијо. Те сакам најпоише на свет бе еј! Најпрекрасна у целиот свет, па и паметна, начитана, брееј. Спојлер Инспирација за поздравиве: Сакам да кажам..
Море ко што почнало работава ќе ми биде потребно жутово кумбе. Да, да. Поздрав и до тебе прекраснотијо, начитана, најпаметна, и најубава. Спојлер
Annie.mk 1 зошто во последно време ме погодува со постовите и пријатно ме изненадува се повеќе па ти си имала потенцијал бре . Добронамерен совет повеќе типкање на темиве помалку во Форумски игрици има што да понудиш . И доста веќе ме гаѓаш во со постовите