Јас првпат праќам официјален СП до некого , а таа чест ја имаат: Лолита777 - Зошто сакам да ја читам, и зошто прочитав Спојлер во темата: дали се срамите од вашето потекло , дека има некоја жичка од Брвеница, место каде јас никогаш не сум била, но имам многу драги луѓе од таму. Соко - Зошто кога стана нов член, немаше каде те немаше, си пишуваше, поточно си трескаше најдиректно во постовите, сегде се вмеша и ми одеше по нерви , ама за кратко време ми стана интересна, даваш убави, реални совети, отворена си, и редовно те читам. Пс. По дијалектот веројатно си од Западна Македонија . Спојлер (имам потекло од Струга, ама живеам СК, па те познав ) .
СП до Трендафилка. За Glee одамна се мислев, ама ми делуваше некако глупаво. Сега на твоја препорака ја загледав и баш ми требаше вакво интересно серииче за опуштање, па ќе треба и темичка да си отвориме И СП до Ани, со среќа нека ти е
СП до сите што првиот пасворд на мсн, им бил роденденот. Јас признавам, првиот пасворд ми беше 070996.
Поздрав до нашиот Ловец на знаете-што. Ептен ми беше антипатичен порано, веројатно заради никот, но се почесто се согласувам со тебе и твоите мислења. Кип ап д гуд уорк, бади! Јув гат мај воут. И припази некоја мачкица да не те улови тебе.
Фала Doozy ми значи твојата поддршка. Не ме судете по ник, тоа ќе ви кажам на сите. Кога се регистрирав на форумот не планирав, а не ни знаев дека ќе почнам толку многу да пишувам тука. Затоа, никогаш не судете некого пред да го запознаете хехе. Се надевам ќе стоплам некои женски срца кои моментални се ледени према мене само заради никот т.е. јузернејмот. Нема потреба, добро “дете“ сум, само со лош ник. И бај д веј ќе се пазам од некоја опасна мачкица да не ме улови, ги има не да не. Али верувам ќе преовлада мојот тестостерон над нејзиниот естроген хаха.
Барајќи слики за новоотворената тема за Б.Ц еве што ми излезе ... До тие што им фали чичево Емисиите Фармер , А1 телевизија и легендарните изјави со Шо че прајме , Ча ја попрајме работава , ГруЈески знаит ... а да да и за Крсте Мисирков и сите акции кои ги превземаше за Македонската Книжевност... за тоа
СП до сите ранобуднициии, а ужасно им се спие И до сите оние кои што чувствуваат дека денот ќе им тргне на арно Имајте убав ден..
СП до Љубам. Вчера ти се изнастискав лајкови на сликите на Фејсбук. Извини за 87530 нотификации ама стварно ми се свиѓаа. Штрак.
Поздрав бек до Argasi Специјален поздрав до Doozy. Сакам да ја гушнам! Поздрав до сите што ми прават друштво и се болнички.
СП до Офи, ме изнасмеа со аватарот, арно вика Лудото да избереме некој со најоригинален аватар, ти ќе победиш. Ме изнасмеа посабајлечки.
Да ги поздравам сите девојки кои учествуваат во дискусијата во Комунизам или демократија. Ги прочитав сите мислења до сега и да ви кажам искрено останав без зборови. Толку знаење, толку ставови и свои размислувања.. Браво. Доста работи научив. Не е лижи г* постов, само сакав да им кажам дека ми е мило што гледам дека и ние од понежниот пол имаме доволно знаење да покажеме, и дека не во таквите работи експерти се само машките. Е сеа, тоа би биле отприлика.. BoaVista, vendiii, Theodora, Offspring, Phyramide и сите останати
до сите оние кои љубат да ВЕСЛААТ, а знам дека ги има многу http://www.youtube.com/watch?v=UGJCg8UwdIA